Почитувани колешки и колеги,
Сакам да ве информирам дека нашето списание е индексирано во 85 бази на податоци. Веќе е отворен повикот за подготовка и објавување на нови трудови за следниот број на Дефектолошка теорија и практика Вол. 17, број 3-4 за 2016 година. Трудовите се поднесуваат на македонски и англиски јазик и не смеат да надминат 30.000 карактери (за двете верзиии) А4 формат со маргини од 2 см од сите страни. Ве молиме чукајте го текстот со Times New Roman за македонски или во МК поддршка и за англиски во EN поддршка. Трудовите задолжително се испраќаат во печатена и електронска верзија на адреса:
Редакциски одбор на ДТП
Институт за дефектологија, Филозофски факултет
Бул. Гоце Делчев 9А
1000 Скопје, Република Македонија
E-mail: jser@fzf.ukim.edu.mk
Сега е можно директно аплицирање на трудови преку нашата веб страница http://jser.fzf.ukim.edu.mk
Краен рок за предавање на трудовите е 30.05.2016 година
Авторите кои нема да се придржуваат до крајниот рок или до упатствата нема да бидат објавувани.
Срдечни поздрави
Главен и одговорен уредник
No comments:
Post a Comment