Thursday, April 14, 2016

Патување за Хрватска

Почитувани колешки и колеги, драги пријатели,
Сакам да ве инфомирам дека утре 15.04. службено патувам за Хрватска каде од 15 до 17.04. ќе присуствувам на студентскиот дефектолошки семинар и ќе дадам поддршка на нашите студенти. Искрено се надевам дека тие добро ќе се подготват и солидно ќе го претстават нашиот институт. Под мое менторство има 6 студентки со 3 теми, а ќе бидат присутни уште 12 студенти кои се менторирани кај колешките од Институтот. Со ова покажуваме дека остануваме доследни на тоа што започнавме уште далечната 1999 и 2000 година, прво како национален, а потоа и интернационален студентски дефектолошки семинар.
Потоа, на покана од педијатриската хрватска школа ќе бидам поканет предавач на нивната пролетна школа во делот на Генетика што ќе се одржи во Сплит од 17 до 20 април. Со ова уште еднаш се потврдува познатата максима: „повеќе си ценет надвор, отколку дома". Сурово, но вистинито, барем во мојот случај.
За сите на кои сум им потребен за било што ќе можат да ме најдат во канцеларија на 21 април (четврток), ден во кој ќе ги примам и семинарските трудови по МОИ од студентите од прва година. Приемот на семинарски трудови ќе биде од 10:00 до 15:00 часот.
Учесникот

No comments:

Post a Comment