Thursday, April 21, 2016

Доц. д-р Блејк Хансен од САД гостин на МНЗА наредната седмица

Почитувани колешки и колеги,
Во рамките на своите активности МНЗА има особена чест и задоволство да ве покани на предавање што ќе го одржи колегата доц. д-р Блејк Хансен од Brigham Young University во ProvoUtah, САД. Инаку, овој  универзитет се наоѓа од 301-400 место на шангајската ранг листа на светски универзитети. Со колегата и неговиот тим и тројца наши колеги и колешки веќе спроведуваме едно истражување со 18 семејства кои имаат дете со аутизам. Истражувањето започна на 7 април и ќе трае до јуни. Колегата ќе одржи две предавања во амфитеатар 4 на ФЗФ со почеток во 10:00 часот на 28 април. 
Првото предавање е под наслов: „Assessment and Treatment of Severe Problem Behavior in Children with Autism and Intellectual Disabilities" и ќе биде наменето за членови на МНЗА и колеги и колешки кои ќе се пријават кај секретарот на здружението на следната е-пошта: secretary@mssa.org.mk. Поради ограничениот број на места во салата за седници на ФЗФ ве замолувам уште веднаш да го започнете своето пријавување, но морам да кажам дека слободни места има уште многу малку. Принципот на прифаќање на вашето учество ќе биде според тоа кој прв испратил е-пошта до бројот 80 места.
Второто предавање кое ќе се одржи истиот ден нешто подоцна е под наслов „Single Case Research Design: Measurement and Analysis of Human Performance Over Time" е наменето за мал број на слушатели од редот на колегите и колешките на МНЗА и од нашиот институт. Во продолжение куса биографија на доц. д-р Блејк Хансен во оригинал.
Blake D. Hansen, PhD is an assistant professor in the Department of Counseling Psychology and Special Education at Brigham Young University in ProvoUtahUSA. He holds an adjunct faculty position at the University of Utah School of Medicine, Department of Pediatrics. Dr. Hansen teaches courses on behavior assessment and intervention, reading and language instruction, and single-case research design. He has worked with graduate students in special education, early childhood education, school psychology, counseling, experimental psychology, and speech-language pathology. His research focuses on assessment and intervention for problem behaviors in individuals with intellectual disabilities, the types and functions of repetitive behavior and anxiety disorders in individuals with intellectual disabilities, parent-implemented interventions for reading, language, and behavior. Dr. Hansen has published in various journals including the Journal of Applied Behavior Analysis, Research in Developmental Disabilities, Exceptional Children, Remedial and Special Education, Child and Family Behavior Therapy, and others. He has presented his work locally, nationally, and internationally. Research projects Dr. Hansen has been involved in have taken him into inner cities in high poverty environments, rural communities, and international settings including Bosnia-HerzegovinaAlbania, and Kosovo. Dr. Hansen completed a B.A. in History and French at the University of Utah in 2004, M.S. in Special Education Research in 2007 at the University of Utah, and Ph.D. in Behavioral Psychology in 2010 at the University of Kansas. He has worked as a special education teacher and behavior therapist since 2004.

Во очекување на вашите пријави, срдечен поздрав.
Претседател на МНЗА 

No comments:

Post a Comment