Tuesday, December 27, 2016

Одложени сите активности до крајот на неделата

Почитувани студенти,
Покрај мојата огромна желба да се вратам утре на работа, сепак тоа мојата кревка здравствена состојба и ослабен имунитет не го дозволуваат. Исто така колешката од пулмологија која ме води тераписки, стриктно ми забрани појавување пред многу луѓе моради можност од добивање на нова суперинфекција. Затоа, не смеам да ризикувам со влошување на здравствената состојба и се надевам на разбирање од ваша страна. Сите активности во смисол на потписи, семинари, 15 ЕКТС поени и втори колоквиуми се одложуваат најверојатно за 9 и 10 јануари 2017 година. Крајниот рок за презентациите се одложува до 6 јануари 2017 година и ве молам не ми ги праќајте овие денови. Исто така ве замолувам за малку повеќе почит кон моето здравје, да не ми праќате секојдневно е-пошти и пораки на ФБ, бидејќи не сум во можност да ви одговорам и затоа ви го напишав овој пост.
Искрено се надевам дека дотогаш ќе бидам во подобра здравствена кондиција. Останете во добро здравје и имајте среќни празници!
Предметен наставник

Напомени за презентациите

Драги мои студенти, почитувани колешки и колеги
Во пресрет на семинарите идниве неколку дена, доколку соберам сили сакам да ви дадам некои напатствија како да направите добра  power point  презентација. Искрено се надевам дека нешто од ова ќе го примените во вашите презентации. 

Презентирањето е процес на пренос на информации и притоа треба да внимавате на сите детали и да имате добар контакт со публиката. При презентирањето треба да знаете на која целна публика и се обраќате (во училиште, на клиника, на институт, презентирање на семинарски труд, научен труд, приказ на проект, итн.). Презентацијата е помош за предавачот, а не негова замена. Слајдот треба да ги нагласи битните елементи од предавањето и да укаже на тоа што предавачот го зборува. Слајдот треба да е кус, директен и да вклучува само клучни зборови. За да може вашата презентација да биде прикажана на екран или ѕид, текстовите и сликите треба да бидат во рамка од 95% од слајдот.
Структурата на презентација треба да изгледа вака:
Прв слајд: од кој универзитет, факултет, институт доаѓате, наслов на темата, датум и каков тип на случување е тоа, кој е предавачот.
Втор слајд: основна порака за да привлечете што поголемо внимание.
Трет слајд: преглед на презентацијата (содржина на пример).
Останати слајдови: на врвот наслов на секој слајд и важни елементи кои треба да се потсетник за предавачот. Сите слајдови треба да се нумерирани.
Последен слајд: контакт информации (електронска пошта, веб страница, Фејсбук адреса, блог, Твитер и сл.).
Треба да се придржувате до формата на слајдовите. Наслови, поднаслови и логоа треба да се појавуваат на исто место на сите слајдови. Маргините, фонтовите и боите треба да се во склад со графиконите кои секогаш треба да се наоѓаат на исто место во секој слајд.
Конкретно времетраењето за презентација на семинарските трудови ќе изнесува 10 минути што значи дека треба да имате помеѓу 10 и 15 слајдови.
Не смее да има пренатрпаност на слајдовите со многу текст. Не треба да има вишок на информации. Понекогаш графиконите и сликите можат да се префрлат на други слајдови.
Фонтовите треба да бидат читливи и доволно големи. За основен текст големина најмалку 24, за поднаслови 32, а за наслови 36, 40, или поголеми. Препорачани фонтови се: Times New Roman, Arial, Tahoma, Verdana во МК поддршка за кирилица. Фонтот треба да биде стандардизиран низ целата презентација. Италик не користете бидејќи е тешко за читање. Потцртување се прави само за хиперлинкови. Користете друга боја или болдирање ако сакате нешто да потенцирате. Курзив се користи за цитати, да нагласи одредено мислење или идеи, за наслови на книги, или на списанија. Треба да изберете прикладни, контрастни бои кои треба да се складни со позадината и да не биде прешарено. Користете иста позадина за секој слајд, не експериментирајте премногу. Менувањето на стилот на позадината го одвлекува вниманието. Не користете позадини во кои текстот ќе биде слабо читлив. Секогаш треба да се води сметка за контрастот на боите. При избор на боја водете сметка за просторијата и светлината во неа. Ако просторијата е темна, позадината може да биде темна со светли букви (прим. сино и жолто). Ако просторијата е светла, подобро да се користи светла позадина со темни букви.  За графиконите, сликите и шемите бидете сигурни дека публиката може да ги прочита. Графиконот е визулено поприфатлив начин за претставување на броеви, отколку табела. Илустрациите користете ги кога ќе ви затребаат. Треба да се однесуваат на главната порака, на поентата на предавањето. Едноставните дијаграми се одлични за комуникација со публиката. Графиконите, сликите и анимациите придонесуваат за разбивање на монотонијата во предавањето. При изборот на анимација бидете внимателни да не се одвлече вниманието на слушателите од главната приказна на предавачот. Користете набројување со бројки кога има логични сукцесивни чекори.
Не ги користете медиумите да се сокриете позади компјутерот или проекторот. Медиумите треба да ја подобрат презентацијата, а не да бидат презентација сами по себе. Треба да направите проверка на расположливото време, да се проба предавањето во домашни услови. Предолгите презентации одтануваат недоискажани, а пак прекусите презентации оставаат повеќе време за прашања. Испратете ја презентацијата за проверка дали е се во ред со фонтовите, со кодеците, со други додатоци. Имајте секогаш резервен план, на пример ако користите интернет и тој не функционира. Воопшто не треба да сте нервозни и да имате трема. Понекогаш може да се уфрли досетка, тоа го привлекува вниманието и ја разбива монотонијата, но не смее да се претера. Првиот впечаток е најбитен, не се извинувајте однапред, почекајте да се стиша публиката и почнете со голема сигурност во себе. Изразувајте се разбирливо, бидете доволно гласни, движете се ако можете. Мора да дадете енергичност во предавањето, зашто ако ви е досадно вам, тогаш секако и на публиката ќе и биде досадно. Менувајте го тоналитетот, нагласувајте, а ако треба малку и бидете драматични. Имајте контакт со очи со целата публика, а не гледајте само во една точка. Комуцирајте и со публиката и со комисијата ако се работи за одбрана на дипломски, магистерски или докторски труд.

Во однос на семинарите идниве денови сакам да укажам на сите пријавени презентери дека вашите презентации треба да ми ги пратите најдоцна до вечер 27.12.2016 година до 22 часот на мојата електронска пошта. Фајлот треба да биде именуван на следниот начин: име и презиме на презентерот-цртичка-наслов на семинарската-цртичка-кус наслов по кој предмет е семинарската работа. За секој случај понесете си ги презентациите и на две УСБ мемории.
Пример: Милева Каранфилова-Хомеостаза-ФФА, или Петар Христовски-Хромозоми-ХГ. Во продолжение уште напомени за добра презентација.

До 22 часот ќе проценам како ќе ми биде здравствената состојба и ќе ви објавам дали ќе имаме утре активности или нема да имаме. Исто важи и за другите денови. Вие сте должни редовно да го следите овој блог во последниве три дена.
Предметен наставник

Wednesday, December 14, 2016

„Бисерчиња за дечиња" од мојата прва наставничка или втора мајка

Драги мои,
Беше последниот понеделник од изминатиов ноември. Да, за 28 ноември ви говорам. Телефонот заѕвони, гледам непознат број, а јас работев нешто на компјутерот во мојот кабинет. Од истиот број пред два дена имав два пропуштени повици и не успеав да се јавам да видам кој толку упорно ме бара. Но, знаете како е, во последно време се` некој те бара за лошо да ти каже или поретко и за некоја ургенција. Па заради тоа, не секогаш по пропуштени повици и се обидувам да ги барам луѓето што ме побарале, а јас не сум бил во можност да им кренам. Од другата страна на линијата возрасен женски глас ми вели: Дали е тоа Владимир, на што одговорам повелете и во истиот миг ми текнува дека тоа е мојата прва наставничка Милка Гочевска Марковска која меѓу првите, покрај моите родители се разбира ми ја вдахнови желбата за учење. Ми вели: „јас утре правам промоција на мојата најнова книга и ќе ми биде особено драго да дојдеш". „Ти посветив расказ наречен „Втората мајка". Јас во тоа време нешто неарен со здравјето, како и сега. Впрочем последниве 2 месеци здравствените проблеми се редат во низа, немав шанси да ја одбијам и да и речам не, на ваквата интересна покана. Вакво нешто не се пропушта, промоција на книга да одбие професор не е во ред.


Дојде и наредниот ден 29 ноември, каква симболика. На денот кога во прво одделение пред многу години истата таа наставничка ни ги врзуваше пионерските марами, сега прави промоција на книга за деца и повторно сме заедно во една читална. Промоцијата се одржа во прекрасна атмосфера во библиотеката „Детска радост" каде присутвуваа нејзините најблиски роднини и пријатели и десетина прекрасни дечиња кои ги читаа позначајните раскази. Во продолжение расказот посветен на мене, што ми претставува огромна чест и задоволство.

ВТОРА МАЈКА
Vlado vleze zadi{en i voznemiren vo svojata u~il­­ni­ca i namesto dobro utro zastana pred nas­tav­ni~­ka­ta i otvoreno i bez zaobikoluvawe ja pra{a:
Nastavni~ke, vistina li vie ste mojata vtora maj­ka, da taka nekako, moja vtora majka?
Nastavni~kata vnimatelno go pogledna i go pogali de­te­to po glavata, potoa mu re~e:
Vlatko, prvo dobro utro. Vtoro, ka`i mi zo{to doc­­ni{ na prviot ~as? I treto koj ti ka`a deka jas sum tvo­jata vtora majka?
Dobro utro... izvinete... dobro utro... nas­tav­ni~­ke, znaete, jas, ova... majka mi sekoj den, skoro sekoj den, ko­ga me ispra}a na u~ili{te mi veli: Bidi miren, slu­{aj ja nastavni~kata, vnimavaj dobro. Nastavni~kata ti e vtora majka i ne treba da ja luti{ i da ja nervira{.
I majka mi sekoj den taka mi veli re~e Jagoda.
O, pa i mene taka mi vikaat roditelite dodade Igor.
I mene, i mene, mojata majka, i mojata baba, i moj­ot dedo vikaa decata na glas {to se slu{a{e duri vo u~i­li{niot dvor i na ulica.
De~iwa moi dragi, peperutki moi zlatni, smi­re­te se malku, potoa }e razgovarame re~e nastavni~kata vid­no voznemirena, so solzi-radosnici vo o~ite. Zav­la­dea mir i ti{ina vo u~ilnicata na TRETO  B od­del­e­nie. Toga{ nastavni~kata tivko i smiruva~ki re~e:
Da, Vlatko, da, u~enici moi, mo`e taka da se ka`e de­ka nastavni~kata e va{ata vtora majka, a znaete li zo­{to ?
Znaeme, zatoa {to vie n¢ u~ite da ~itame i pi­{u­va­me prva izvika Aneta od vtorata klupa.
Vie n¢ u~ite da re{avame lesni i te{ki zada~i po matematika, da se natprevaruvame dodade Nikola.
N¢ u~ite da se sakame i da go neguvame drugar­st­vo­to rekoa bra}ata Goran i Zoran.
N¢ u~ite da ja sakame tatkovinata i da ja ~uvame od neprijatelot potvrdi ostroumniot Dejan.
Ni stavate maram~iwa vo grbot koga sme is­po­te­ni dofrli  najsrame`livata Mirjana.
Bdeete nad nas i dewe i no}e koga sme na eks­kur­zi­ja ili koga odime na leten i zimski odmor re~e Ta­ma­ra.
Ni pomagate da gi oble~eme jaknite i da gi vr­ze­me obuvkite vika{e Darko od poslednata klupa.
Nastavni~kata stoe{e pred svoite u~enici za­ne­me­na, prijatno voznemirena, no i sre}na i radosna dodeka tie zboruvaa, ja falea i vozvi{uvaa svojata vtora majka. 

На промоцијата промоторите како по обичај кажаа убави зборови за книгата, ја пофалеа наставничката која иако во пензионерски години одлично се држи. Првично ја не планирав да станам да говорам, но некако спонтано дојде редот и јас да кажам неколку зборови за неа и за нашето прекрасно безгрижно детство како нејзини ученици поминато во централното ОУ „Владимир Илич Ленин", денешно ООУ „Гоце Делчев". Во продолжение сликата од нашето 3б одделение во далечната 1978 година. Се надевам дека ќе ме препознаете.


Овде сакам јавно да се заблагодарам за поканата на промоцијата, за посветениот расказ и за се` она што го сторила мојата прва наставничка Милка Гочевска Марковска во удирањето на темелите на мојата долгогодишна едукација. Правична и строга со голем авторитет, понекогаш дури повеќе сум ја слушал неа, отколку моите родители, што не може да се каже и за денешните деца. Се сеќавам кога како мал не сакав многу често да се шишам (тогаш имав многу повеќе коса :) ) и во таков случај мојата мајка ургирала кај наставничката да ме убеди да се потшишам.
Во продолжение неколку слики од самата промоција.

 Прекрасните дечиња кои ги читаа расказите
 Внуката на наставничката
 Авторката чита делови од нејзината книга
 Мојот кус говор
Повторно заедно по толку години :)

За крај, топло ја препорачувам оваа книга на сите родители кои имаат мали деца да им ги читаат расказите пред спиење, на пример. Книгата се чита во еден здив.
Раскажувачот

Monday, December 12, 2016

15 ЕКТС поени - 13.12.2016

Почитувани студенти,
Ве поканувам утре 13.12.2016 година по втор пат во периодот меѓу 12:00 и 14:30 часот да си ја завршите обврската за 15 ЕКТС поени. Се ближи крајот на семестарот и не очекувајте уште многу вакви термини.
Предметен наставник

Sunday, December 11, 2016

Распоред за студентските семинари

Почитувани студенти,
Сакам со вас да го споделам распоредот за одржување на студентските семинари по моите предмети.
Семинарите по Генетика и Физиологија за студентите од Институтот за психологија и Институтот за семејни студии би требало да се одржи во среда на 28.12.2016 година во лабораторијата за Генетика и Физиологија на Педадгошкиот факултет со почеток во 08:00 часот. Сите студенти се должни да направат презентација во програмот Power Point во времетрање од 10 минути. На мојот блог ако се навратите назад имате инструкции како се прави добра презентација. Другите две задачи интернет ресурси и обработка на труд ги одговарате устно. Тие што нема да дојдат и да освојат 15 ЕКТС поени нема ниту да имаат право да полагаат испит во престојната јануарска сесија. Правото за полагање на испит се стекнува само со освоени 15 ЕКТС поени.
Семинарите по Хумана генетика и Физиологија со функционална анатомија за студентите од Институт за дефектологија ќе се одржат најверојатно во петок на 30.12.2016 година во лабораторијата за Генетика и Физиологија на Педадгошкиот факултет со почеток во 08:00 часот. Од вашата колешка која беше задолжена да направи список добив минимален број на студенти што е факт за секоја критика. Со тоа покажувате тотална незаинтересираност кон моите предмети и немање желба за напредок во науката. Нека ви служи на чест и на совест.
Поради постоење на виша сила го задржувам правото на промена на овие термини. Вие сте должни редовно да го следите овој блог.
Предметен наставник

Распоред за вторите колоквиуми

Почитувани студенти,
Иако се` уште со симптоми на тежок грип решив да споделам некои важни информации со вас кои ќе ви бидат од корист. Вториот колоквиум по Хумана генетика ќе се полага на 23.12.2016 година со почеток во 08:00 часот во Лабораторијата на Педагошки факултет. Вториот колоквиум по Физиологија (психолози) и Физиологија со функционална анатомија ќе полага на 29.12.2016 година со почеток во 08:00 часот во Лабораторијата на Педагошки факултет.
Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила. Од тие причини сте должни редовно да го следите овој блог.
Предметен наставник

Sunday, December 4, 2016

15 ЕКТС поени - 06.12.2016

Почитувани студенти,
Сите вие кои сте вонредни студенти од прва година и останатите генерации, или редовни студенти од погорните генерации, а немате освоено 15 ЕКТС поени ве поканувам во вторник на 6 декември од 10:00 до 13:00 часот да си ја завршите таа обврска.
Предметен наставник