Sunday, March 12, 2017

Покана на ликовни работилници

Почитувани,

Националната галерија на Македонија во рамките на својата програма и дејност содржи и едукативен-дидактички сектор кој има за цел да ја афирмира и образува најмладата популација во сферата на културата и уметноста. Децата со аутизам се меѓу најранливите лица во нашето општество. Нивниот број постојано расте и оттука се наметнува фактот за создавање вистински можности за нивен развој, како и оттргнување на предрасудите и негативните ставови. Познато е дека децата со аутизам вербално потешко се изразуваат, но со учеството во ликовни работилници им се дава можност за полесно и поедноставно изнесување на своите мисли и чувства на еден уникатен начин. Преку ваквите работилници децата го развиваат својот потенцијал, а низ цртежите може да го видиме нивниот скриен свет. 

Работилниците ќе бидат одржани во објектот Чифте амам 23 и 24-ти март каде децата ќе имаат можност да ги изработуваат своите уметнички дела. Изработените дела ќе бидат изложени во завршна изложба. На ваквите работилници ќе бидат присутни и родителите и дефектолозите како помош и поддршка на малите генијалци, но и заедничко дружење. Лицата со аутизам често страдаат од социјална исклученост и преку ваквите изложби наша цел и идеа е подигнување на јавната свест. Националната галерија на Македонија по трет пат го одбележува Меѓународниот ден на лицата со аутизам преку изложбата насловена ,,Будење". Изложбата е планирана во април во објектот Чифте амам. Како партнер се вклучува и Македонското научно здружение за аутизам и затоа ве молиме доколку сакате вашето дете да биде вклучено во овие активности присуството да го пријавите на secretary@mssa.org.mk

Со почит,
Лице за контакт, 
Маја Димитрова, едукатор
majadimitrova1@gmail.com

No comments:

Post a Comment