Уште кон крајот на минатата година пишував дека Национална галерија на Македонија го доби од Амбасадата на Кралството Холандија проектот „Уметност за сите“. Во овој проект сум поканет да учествувам како надворешен консултант заедно со уште две мои магистрантки и тоа м-р Розалија Бошковски и м-р Ивана Василевска Петровска. Проектот ќе трае 2 години и се содржи од четири работилници. Токму утре започнуваат проектните активности со кои акцент е ставен на фотографирање од страна на децата со аутизам. Станува збор за организирано фотографирање на повеќе локации од градот Скопје (Золошката градина, Градски парк, старата Скопска чаршија, итн.) каде децата со аутизам низ нивна призма и од нивен агол би ни го доловиле амбиентот од тоа што тие ќе го доживеат. Искрено се надеваме дека и Вашето дете ќе земе учество во овие активности кои ќе се одржат на 27,28 и 29 април оваа година. Утрешниот настан (27.04.2018 година) ќе се реализира во Зоолошката градина и доколку сте заинтересирани повелете на дружење во 09:00 часот пред институцијата. Влезот е бесплатен за децата со аутизам. Лице за контакт е м-р Маја Димитрова координатор на проектот и вработена во Националната галерија на Македонија. За дополнителни информации можете да ја контактирате на слената е-пошта.
Ви благодариме и Ве очекуваме!
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment