Почитувани студенти,
Сакам да ги споделам термините за првите колоквиуми по предметите Хумана генетика и Медицински основи на инвалидноста. Двата колоквиума ќе се полагаат на платформата Qualtrics. За да добиете линк треба да сте 10-15 минути претходно вклучени на платформата Мајкрософт Тимс.
Кликнете на линкот за Хумана генетика за да се приклучите на првиот колоквиум. Колоквиумот ХГ ќе се полага на 30.03.2021 година со почеток точно во 08:00 часот. Колоквиумот ќе содржи 20 прашања и ќе се полага во времетраење од 15 минути. Никакви доцнења не се дозволени.
Кликнете на линкот за Медицински основи на инвалидноста за да се приклучите на првиот колоквиум. Колоквиумот МОИ ќе се полага на 31.03.2021 година со почеток точно во 08:00 часот. Колоквиумот ќе содржи 20 прашања (едно есејско) и ќе се полага во времетраење од 20 минути. Никакви доцнења не се дозволени.
Ги молам сите студенти што не се доволно подготвени да не се брукаат и да не доаѓаат туку-така да полагаат, бидејќи тоа го оптеретува моето време за прегледување. Прашањата можам да ви ги кажам на консултации, ако ве интересираат. Го задржувам правото на промена на термините заради учество на непосакувана „виша сила“.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment