Почитувани студенти од ИП и ИСЕР,
Како што веќе објавив испитите во престојната сесија ќе се полагаат електронски. Првата декада веќе започнува задутре. Во вторник на 24.08.2021 испитот Хумана генетика и физиологија ќе се полага со почеток во 08:00 часот. Испитот Физиологија со функционална анатомија ќе се полага во 09:00 часот. Кликнете на линковите за да отидете на состанокот каде ќе ви биде споделен линкот од тестот, или едноставно одете на дотичните тимови каде се предметите кои што треба да ги полагате. Потребно е најмалку 10 минути да сте на платформата пред почетокот на испитот. Испитите мора да бидат електронски пријавени и да биде доставена пријава кај координаторката на ЕКТС. Камерите мора да ви бидат вклучени, без аудио звук. Никакво доцнење и полагање без камера нема да се толерира.
Ви благодарам за разбирањето
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment