Friday, December 17, 2021

Информации за 15 ЕКТС поени

Почитувани студенти од двата института,

Сакам да ви дадам неколку информации во врска со освојување на 15 ЕКТС поени. Во изминатиот период ги прегледав сите 83 семинарски трудови по предметот ХГФ и дадов соодветни поени во платформата Мајкрософт Тимс. Доколку не сте добиле поени, значи дека не сте доставиле правилно семинарски труд, или воопшто не сте го изработиле. Во фаза на прегледување се семинарските трудови по ФФА и наскоро ќе бидат впишувани поените на секого поединечно.

За студентите од ИП креирав фолдер каде што треба да се ставаат други задачи: интернет ресурси и обработка на труд и тоа ќе треба да се заврши најдоцна до 12 јануари 2022 година, но за да освоите порано потребен број на поени не е лошо и порано да ја завршите таа обврска. Доколку не сте биле на сите предавања (најмногу 10 поени) и доколку не сте освоиле најмалку 5 поени на семинарската работа (или не сте изработиле семинарски труд), вие треба задолжително веднаш да ми пишете е-пошта да ви дадам задача и час поскоро да ја завршите. Исто така креиран е фолдер за презентации на семинарските за тие што се пријавија на време. Краен рок е 8 јануари 2022 година. Студентите што се имаат пријавено за презентирање на семинарски, а им недостасуваат по 2-3 поени, немаат потреба да прават други дополнителни задачи.

За студентите од ИСЕР креирав фолдер каде што треба да се ставаат други задачи: интернет ресурси и обработка на труд и тоа ќе треба да се заврши најдоцна до 13 јануари 2022 година, но за да освоите порано потребен број на поени не е лошо и порано да ја завршите таа обврска. Доколку сте биле на сите предавања и вежби ќе освоите 15 ЕКТС поени и може да одите директно на испит и без семинарски труд. Секое отсуство од предавања одзема 1 поен и секое отсуство од вежби одзема 1 поен и тогаш морате да имате дополнителна активност. Поените од семинарскиот труд наскоро ќе ги добиете на МТ. Исто така креиран е фолдер за презентации на семинарските за тие што се пријавија на време. Краен рок е 8 јануари 2022 година.

За студентите повозрасни од прва година кои немаат освоено 15 ЕКТС поени веднаш да ми се обратат по е-пошта и да закажеме термин за одбрана на задачите. Оваа обврска со вас мора да биде завршена до 30 декекмври 2021 година, што значи дека нема да има многу термини за таа намена.

Запомнете по 15.01.2022 година нема многу да се занимавам со вакви работи. Тогаш почнува сесијата и имам други обврски.

Со почит,

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment