Tuesday, August 30, 2022

Резултати од испитот ХГ - 30.08.2022

 Почитувани студенти,

Во прилог се резултатит од утринскиот испит Хумана генетика. Тие се очајни. Какво вложување на труд, такви резултати. Моите испити се полагаат БЕЗ УРГЕНЦИИ!

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

10937/21

11

5

2.       

10028/17

10

5

3.       

25359/20

9

5

4.       

24994/19

9

5

Предметен наставник

Monday, August 29, 2022

Резултати од испитот ФФА - 29.08.2022

Почитувани студенти од ИСЕР,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Физиологија со фунцкионална анатомија. Слабо учење - слаби резултати. Испитот се полага без урегенции со самостојно учење...

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

1.       

10914/21

29

5

2.       

25359/20

23

5

3.       

10504/19

20

5

4.       

7107/11

17

5

5.       

25379/20

14

5

6.       

22143/10

11

5

7.       

22132/10

9

5

Предметен наставник

Резултати од испитот ХГФ - 29.08.2022

Почитувани студенти од ИП,

Во прилог се резултатите од утринскиот испит по Хумана генетика и физиологија. Колку учење - такви оцени.

Реден број

Број на индекс

Бодови

Оценка

  1.  

25560/21

38

6

  1.  

10879/21

37

6

  1.  

25314/20

36

6

  1.  

10258/19

27

5


25313/20

17

5


10630/20

14

5

7.       

10683/20

12

5


Предметен наставник

Saturday, August 27, 2022

Напомена за полагање на испитите во есенската сесија - 2022

Почитувани студенти,

Задутре 29.08.2022 година започнува првата декада, па поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:


  • На испит со физичко присуство се доаѓа најмалку 15 минути пред закажаниот термин и се чека пред амфитеатарот. Кој доцни НЕМА да го полага испитот. 
  • Во оваа сесија нема да има електронско полагање за испитите и вие што сте во странство не ми пишувајте пораки залудно. Доколку од Деканатот не овозможат таков начин на двојно полагање и не го платат екстра на професорите тој начини, нема да има два вида на полагање во иста сесија.
  • Испитите од прва декада ќе се полагаат во амфитеатар 4.
  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит, да носите печатена пријава (која е читливо пополнета) со себе.
  • Треба да имате пополнето анкета во Гугл формулар во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • На испит се носи индекс или студентска легитимација заради идентификација.
  • Морате да имате најмалку 2 пенкала со себе со сина боја. Според Марфи, едното пенкало секогаш престанува да пишува.
  • На испитот не се препишува, договара со колега/колешка, не се користи блутут „бубачка во уво“, или било кој друг недозволен начин на полагање.
  • Испитот се полага БЕЗ УРГЕНЦИИ!
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник

Thursday, August 18, 2022

Одложени испити од првата декада - август 2022

Почитувани студенти,

Свесен сум дека летово повеќе сте одморале, отколку што сте учеле. За таа цел решив да ви ја одложам првата декада за цела седмица и со тоа да ги зголемам шансите за ваше полагање. Исто така променета е и просторијата, бидејќи за тие датуми големиот амфитеатар не е слободен.

Прва декада
29.08.2022  ХГФ и ФФА во Амфитеатар 4 во 08:00 часот

30.08.2022  ХГ и МОИ во Амфитеатар 4 во 08:00 часот.

Го задржувам правото за промена на термините заради виша сила.
Со почит,
Предметен наставник

Tuesday, August 16, 2022

Термини за полагање испити од втор циклус студии - септември 2022

Почитувани постдипломци,

Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети од втор циклус на студии за летната сесија:

Прва декада
01.09.2022 - Аутизам - 09:00 часот
01.09.2022 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања  - 11:00 часот
01.09.2022 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 12:00 часот

Втора декада
14.09.2022 - Аутизам 09:00 часот
14.09.2022 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 12:00 часот
14.09.2022 -  Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 13:00 часот

Испитите ќе се полагаат најверојатно усно во мојот кабинет. Го задржувам правото за промена на термините и начинот на полагање заради непредвидливи околности со Ковид-19 епидемијата или друго дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Ве молам на е-пошта да ми јавите во која декада ќе полагате за да си го организирам времето. Среќно подготвување на испитите!

Предметен наставник