Sunday, March 26, 2023

Шесто предавање ХГ - видеа

Почитувани студенти,

Во прилог се видеата од шестото предавање по Хумана генетика што ќе се одржи во вторник во стандардно време.











Предметен наставник


















Sunday, March 19, 2023

Анкета за полагање колоквиуми - април 2023

Почитувани студенти,

Ве молам да ги пополните анкетите за полагање на привте колоквиуми на 5 април 2023 година.

Прв колоквиум Хумана генетика

Прв колоквиум Медицински основи на инвалидноста

Предметен наставник


Видео записи од конференцијата "It's about people"

Почитувани колешки и колеги,

За оние кои не успеале да ги следат моите предавања во живо од конференцијата на Алма Матер Еуропеа, што се одржа од 10 до 17 март во Марибор, Словенија а и за да си ги имам видеозаписите на едно место го приготвив овој пост.

Промоцијата на списанието Journal of Health and Rehabilitation Sciences се одржа во студиото на БК ТВ од Марибор на 11.03.2023 и видеото може да се погледне ОВДЕ.

Сесиите за истражувања за аутизмот под број 26 и 27 се одржаа во студиото на БК ТВ од Марибор на 13.03.2023 година и видеото може да се погледне ОВДЕ.

Округлата маса за аутизмот во курикулумите под број 28 со проф. д-р Дигби Тантам (ВБ), проф. д-р Фред Волкмар (САД), проф. д-р Тревор Парментер (Австралија), проф. д-р Никола Мартин (ВБ), доц. д-р Паола Молтени (Италија) и вонр. проф. Јаков Аусберг (Шведска) се одржаа во студиото на БК ТВ од Марибор на 13.03.2023 година и видеото може да се погледне ОВДЕ.

Модератор и предавач на сесиите

Saturday, March 18, 2023

Петто предавање ХГ - видеа

Почитувани студенти,

Повелете видео клипови од петтото предавање по Хумана генетика што ќе се одржи во вторник.














Предметен наставник


























Thursday, March 9, 2023

За конференцијата на АМЕУ во Словенија

Почитувани колешки и колеги, драги студенти,

Деновиве објавував информации на моите социјални медиуми во врска со 11-тата научна конференција "Its about people" во организација на универзитетот Алма Матер Еуропеа од Марибор. Конференцијата започнува утре 10.03. и ќе трае до 17.03.2023 година. Организаторот ми направи чест да учестувавам во две сесии и тоа како предавач и модератор. Конференцијата секако дека се состои од повеќе различни сесии од општествените, хуманистичките како и здравствените науки, но јас ќе се задржам на оние две во кои сум инволвиран. Целосната програма можете да ја видите ОВДЕ.

Во сабота на 11 март со почеток во 16:00 часот ќе можете да го следите моето предавање со наслов: JOURNAL OF HEALTH AND REHABILITATION SCIENCES: EXISTENCE OF A SCIENTIFIC JOURNAL IN A SMALL COUNTRY каде ќе направам промоција на списанието ЈХРС. Оваа сесија ќе ја води доц. д-р Полонка Пангрчич од АМЕУ. Доколку имате слободно време приклучете се на следниот ЗУМ линк.

Во понеделник на 13 март со почеток во 10:00 часот започнуваат три последователни сесии посветени на аутизмот. Сесиите ќе ги модерира мојата маленкост, а покрај тоа ќе имам и кусо излагање на тема: „Аутизмот во курикулумот на универзитетите во Југоисточна Европа“. На сесиите ќе има практичари од Словенија, Македонија, Србија, а секако и научни работници и професори од САД, Велика Британија, Австралија, Шведска, Италија кои успеав да ги обезбедам за оваа реномирана конференција. Овде ќе може да се приклучите на конференцијата преку ЗУМ.

Инаку, покровотил на конференцијата е Претседателката на Словенија г-ѓата Наташа Пирц Мусар, предавање ќе одржи популарниот економист и политички аналитичар Џефри Сакс од Универзитот во Колумбија, САД, Клаус Мајнцер, претседателот на Европската академија на науки и уметности и многу други значајни гости.

Да напоменам предавањата не се задолжителни, но и грев е да се пропуштат... :)

Со почит,

Претседател на МНЗА
Главен и одговорен уредник на ЈХРС

Прв колоквиум ХГ и МОИ - 05.04.2023

Почитувани студенти,

Ве известувам дека првите колоквиуми по предметите Хумана генетика и Медицински основи на инвалидноста ќе се одвиваат на 05.04.2023 година (среда) во големиот амфитеатар на ФЗФ со почеток во 08.00 часот. Вие треба да сте пред амфитеатарот околу 15 минути порано. Наскоро ќе има анкета за тоа кој ќе го полага првиот колоквиум. Пожелно е на колоквиумот да дојдат добро подготвени студенти, а не само за да го погледнат тестот. Го задржувам правото на промена на терминот заради учество на виша сила.

Со почит,

Предметен наставник

Saturday, March 4, 2023

Четврто предавање ХГ - видеа

Почитувани студенти,

Ова се видеа кои го следат четвртото предавање во вторник. За вежби убаво да се научи Барово тело.













Предметен наставник