Почитувани студенти,
Најпрвин нека ни е честит патронатот на УКИМ 24 мај!
Потписи по предметот Хумана генетика за актуелната прва година на ИСЕР ќе давам на 30 мај во слушална 11 на ФЗФ и тоа по следниот распоред:
Прва група од 10:00 до 10:45
Втора група од 10:45 до 11:30
Уште еднаш по не знам кој пат напоменувам дека потписи ќе добијат само тие студенти што биле редовни на предавања и вежби и што не направиле повеќе од 2 минуси за предавања, 2 за вежби и 2 за неактивност. Не ме интересираат никакви „тешки“ болести со лажни лекарски уверенија и разни други изговори. Не прифаќам никакви плачки и урегнеции. Бидете достоинствени! Правилата на игра ги знаевте уште на почетокот на академската година и повторно на почетокот на вториот семестар. Тие што нема да добијат потпис имаат право повторно да го презапишат предметот и да доаѓаат редовно со следната генерација. Нема да бидете ни први, ни последни што го презапишале предметот. Впрочем тоа го видовте од неколкуте студенти што повторно доаѓаа на предавања и вежби по ХГ.
Покрај горенаведените напомени треба да носите со себе и индекс и Практикум ХГ со сите потписи во него.
Студентите од другите генерации имаат обврска да го остават индексот во библиотеката во посебна кутија истиот ден најдоцна до 11:30. Поради моја презафатеност тој ден (колоквиум, избор на ректор на УКИМ и други активности) не ветувам брзина во враќањето на индексите. Тоа што можам да го изјавам сега е дека најверојатно ќе ви бидат готови до 15:30 часот истиот тој ден.
Сите оние студенти кои нема да го испочитуваат овој термин, нека не ми праќаат е-пошта да ме прашуваат кога, како?, туку едноставно нека го остават индексот во библиотеката на ИСЕР и нека чекаат да им го потпишам во некој од наредните денови.
Бидејќи од денес до наредниот вторник има уште 6 денови и се случуваат разни непредвидливи работи, за секој случај во вторник наутро кога ќе станете, проверете го мојот блог, случајно да не има некои измени.
Ви благодарам на разбирањето!
Предметен наставник