Monday, May 8, 2023

15 ЕКТС поени - 12.05.2023

Почитувани студенти,

Минатиот петок дојде само една студентка и таа не одговараше. Можам да речам нека ви служи на чест. Вие мора во месец мај да си ги завршите своите обврски за 15 ЕКТС поени. Ги повикувам сите вонредни студенти, сите оние кои имаат заостанато обврски од изминатите семестри да дојдат во петок на 12.05.2023 од 10:00 до 11:30 часот во мојот кабинет. За секој случај утрото во петок проверете го овој пост да не има случајно некакви поместувања. Ви укажувам дека во текот на месец мај ќе има уште најмногу 2 вакви термини, затоа дојдете си поскоро и завршете си ги обврските. Во јуни почнува сесијата и имам други проектни обврски, испити, активности во МНЗА и нема да се занимавам со вакви активности.

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment