Sunday, May 14, 2023

Преглед на освоени поени по ХГ - 14.05.2023

Почитувани студенти,

По прегледаните семинарски работи и некои други активности ова е моментата состојба на поени на 14.05.2023 година. Списокот на освоени поени може да го симнете ОВДЕ. Сами си знаете колку сте биле отсутни на предавања и вежби и сами знаете да собирате до 15 ЕКТС поени. Ако според вашата математика во следните 3 седмици нема да дојдете до 15 ЕКТС поени, потребно е веднаш во вторник да побарате дополнителна задача. Напоменувам дека во овој привремен список не се ставени поените од присуство на предавања, вежби, активност, бидејќи ќе се видиме уште три пати на кои вие ќе освојувате поени за присуство. Исто така повторувам дека секој оној студент/ка што има повеќе од 2 минуса на предавања и 2 на вежби нема да добие потпис и нема да може да го полага испитот, туку ќе го преслушува во следната академска година и сега нема обврска да собира 15 ЕКТС поени.

Со почит,

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment