Драги идни дипломци,
Вчера вечер на ФБ месинџер имав еден многу „интересен“ разговор со една госпоѓица која подолго време ми е ФБ пријател, но не се знаеме лично и не знаев дека се занимава со бизнис на пишување на дипломски и магистерски трудови. Дознав многу случајно кога таа во една група објавуваше дека до 15 јули има попуст на што јас реагирав со лути емотикони. Не знам како нејзините постови ми се поајвија мене на ѕидот, иако не сум член на таа група.
Прва таа започна да ми пишува и да се правда како тоа не било крадење, бидејќи со денови работела на една дипломска работа и „чесно“ си заработувала на грб на мрзеливите студенти. Јас за оваа појава знаев, но немав вакви докази од прва рака. На мојата провокација дека зема 100 евра, таа ми одговори дека земала „само“ 2000 до 2500 денари зависно од обемот. Како течеше разговорот искрено се надевав дека нема да ми го каже и ова: „Ми беше тешко кога некои ваши кандидати ги враќавте по неколку пати“. Во стилот демек неа сум ја „мачел“. Во миг ми се стемни бидејќи мислев дека тоа се случува таму на некои други студенти, на некои други факултети, на некои други универзитети. Но, не епидемијата на туѓо изработени диплосмки и магистерски тези се случува и на ИСЕР и на ФЗФ. Ех, драги мои студенти, ништо не сум ве научил дека дипломската е круна на неколку годишното студирање и дека треба да биде самостојна работа. Кога и дадов забелешка дека некој може да ја пријави, ми рече: „Пријави ме, па јас имам работено во МВР“. Безобразност пар екселанс. Покрај жешкото време и овој немил настан ми направи потешко да заспијам ноќеска, но јас ќе преживеам, ги прашувам одговорните и надлежните лица до каде ќе ни оди образованието во Македонија??? Порака за оние мои дипломци кои добиле десетка со туѓо напишана дипломска и веројатно штимани резултати. Што мислевте сте ме излажале мене? Не, сте се излажале себе. SHAME ON YOU!!! Ова морав на англиски и со големи букви за да допре до повеќе луѓе. Ова е дно во академското однесување и покажува нула академски интегритет.
Порака за идните дипломци по цена и никој да не ме одбере до крајот на мојата кариера:
- Треба да размислам да ви барам изјава заверена на нотар дека дипломската ви е самостоен труд и дека не сте го платиле 2500 денари.
- Ќе ви барам изворни резултати од анкетни прашалници и слично.
- Веќе „чесен Титов пионерски збор“ не ви важи.
- Дипломскиот труд треба да биде истражувачка работа стекната со вистински прашалници, анкети, статистика, дискусија стекнати со труд и пот и со откажување од овоземски задоволства.
No comments:
Post a Comment