Почитувани студенти,
Сакам да ви укажам на најчестите грешки кои се прават, со цел да не се повторуваат во иднина.
- Се појавувате на колоквиум недоволно подготвени, само за да го видите тестот, нешто што е неприфатливо. Сум ви рекол дека во секое време можам да ви го покажам тестот.
- Честопати на тестот не го пишувате бројот на индексот 10681/24, а поретко ниту име и презиме. Задолжително се пишуваат и двете;
- Не заокружувате доволно јасно, се чини како да штедите пенкало;
- Се пишува исклучиво само со сино пенкало;
- Не пишувате со читливи, разбирливи и јасни букви;
- Не носите индекс или студентска легитимација за идентификација;
- Заборавате да го исклучите звукот на мобилните или алармите, а такви уреди не се дозволени додека трае полагањето;
- Носите само едно пенкало, кое понекогаш престанува да пишува;
- Не го почитувате правилото да дојдете 15 минути пред закажаниот термин за испит (едно од најважните правила;
- Не одговарате целосно на дефинициите, туку само кратко и затоа освојувате само делумен број на поени, или воопшто не освојувате поени;
- На ги учите есејските прашања по предметот МОИ, ги оставате празни, а тие носат по околу 8 поени;
- Кај кариограм и родословно стебло по предметите ХГ и ХГФ, пишувате дека се работи за кариограм, кариотип или родословно стебло, наместо да ги опишете за кој кариограм се работи, кој синдром ако е синдром и која е формулата, или типот на наследување кај родословното стебло;
- Не се пријавувате на анкетите за полагање на колоквиум.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment