Почитувани студенти,
ИТ одговорното лице на ФЗФ ме информираше дека имало посериозен проблем со Мајкрософт Тимс платформата, на кој што колегите од ФИНКИ веќе работеле. Не сум сигурен дека брзо ќе го решат и затоа мора да имаме план Б. Крајниот рок што беше даден 30 ноември, бидејќи е сабота, се поместува за петок (29 ноември). Вие сте должни да проверите заклучно со 28 ноември дали системот функционира. Доколку не можете да креирате кориснички профил, тогаш сте должни семинарскиот труд да ми го доставите во печатена верзија најдоцна до 15:00 часот на 29 ноември во библиотеката на ИСЕР, поточно во мојот поштенски фах. За да не се трошите можете да печатите и двострано и не мора да биде во спирали или папки укоричено, но барем да биде споено со хефталка и да биде во фолија предадено. Обврската да го прикачите електронски ви стои до 15.01.2025 година, период за кој се надевам дека ќе биде решен проблемот.
Напомена: не ми праќајте на е-пошта и нема да примам ниту една семинарска во лабораторијата во четврток.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment