Thursday, January 9, 2025

Список на освоени ЕКТС поени по ФФА - 2025

Почитувани студенти,

Ја споделувам финалната листа на освоени ЕКТС поени по предметот Физиологија со функционална анатомија. Честитки за шесте студентки што го положија испитот преку колоквиум. Студентките добија две осумки, две седумки и две шестки. Пишување оцени или на 29 јануари во раните утрински часови, или по 3 февруари. Ќе има посебно објавен пост за таа намена.

Студентите што се во црвено доколку не добиле задача, веднаш да ја земат и да дојдат да ја одговараат наредната седмица во термин што ќе биде дополнително определен, доколку сакаат да полагаат во јануарската сесија. Доколку не го сторат тоа, следен рок за завршување на задачата е најдоцна до 30 април 2025 година.

Студентите што се во зелено или немаат право на потпис, или се вонредни, или се откажале од студирање. Тие немаат право да го полагаат испитот во јануарската сесија доколку не ги завршат обврските со време. Вонредните студенти што имаат само доставено задачи, а без притоа да одговораат, не им се смета за целосно завршена работата и не можат да полагаат испит, без усно да ги одбранат задачите. Во понеделник на 13 јануари најверојатно ќе има таков термин, за што ќе има дополнителен пост до недела.

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment