Showing posts with label семинарски работи. Show all posts
Showing posts with label семинарски работи. Show all posts

Monday, May 4, 2026

Список на освоени ЕКТС поени од семинарските работи по ХГ - 04.05.2026

Почитувани студенти,

Еве, за 4 дена успеав да прегледам 30-тина семинарски работи по предметот Хумана генетика. Ова е пресек на состојба заклучно со 4 мај 2026 година. Доколку имате 4 минуси по 2 од предавања или 2 од вежби, или ќе ги направите до 26 мај, а на семинарската работа имате освоено помалку од 4 поени, тогаш задолжително мора да земете дополнително задача во најскор временки период. Ако немате изработено семинарска работа, а имате минуси тогаш мора да добиете дополнителна задача. Кликнете на горниот линк за да си ги видите поените во ПДФ документот. Се гледаме утре на 11-тото предавање и вежби.

Со почит,

Предметен наставник

Sunday, December 7, 2025

Список на освоени поени за семинарските работи по ФФА - 07.12.2025

Почитувани студенти,

Деновиве, направив дополнителни напори да прочитам и оценам 28 семинарски работи. На линкот можете да го видите списокот на освоени поени по предметот Физиологија со функционална анатомија. Студентите што имаат под 4 поени, а веќе имаат по 2 минуси на предавања и вежби или ќе направат, задолжително на предавањата и вежбите треба да побараат дополнителна задача од мене за да можат навремено да ги освојат потребните 15 ЕКТС поени кои се услов за да се полага испитот. Доколку некого нема на списокот, тоа значи дека не ја прикачил правилно семинарската работа или воопшто не доставил во хартиена верзија.

Предметен наставник