Showing posts with label јуни 2022. Show all posts
Showing posts with label јуни 2022. Show all posts

Tuesday, May 31, 2022

Неславно завршена прва декада

Почитувани студенти,

Чувствувам потреба да ви се обратам за да ви појаснам упте некои работи. Неславно заврши првата декада од летната сесија вчера и денес. Вака слаби резултати немало никогаш во мојот речиси четврт век на ФЗФ. Јас навистина не знам каде сте го трошеле времето што сте правеле од февруари наваму. Само една положена студентка од 42 полагања по сите испити. На испит се доаѓа со најмалку 3 пати научен материјал, а не како на гости да доаѓате. Се извинувам што немав слатко да ве послужам. По одредни испити максималниот број на поени беше 15, а другите се движеа од 1-10. Катастрофа е мал збор за вашите резултати. Ве молам во втората декада не ме „малтретирате“ и  да не доаѓате за да освоите 1 или 5 поени. Срамно е и потценувачки и за вас и за мене. 

Повторно некои студенти сакаат да се провлечат без да купат пријава за испити. Ако ви е скапо, дојдете следниот пат ќе ви дадам 50 денари да си купите пријава, а не вака ниско да се провлекувате на испит без пријава, само за да го видите тестот.

Да заклучам, ако вака бидат резултатите и во втората декада, тогаш тешко на Македонија со ваков иден кадар. Ви благодарам за разбирањето, ако ме разбирате нешто...

Предметен наставник

Wednesday, May 25, 2022

Термини за полагање испити од втор циклус студии - јуни 2022

Почитувани постдипломци,

Во прилог се термините за полагање испити по моите предмети од втор циклус на студии за летната сесија:

Прва декада
08.06.2022 - Аутизам - 09:00 часот
08.06.2022 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 11:00 часот
08.06.2022 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 12:00 часот

Втора декада
30.06.2022 - Аутизам 09:00 часот
30.06.2022 - Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 12:00 часот
30.06.2022 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 13:00 часот

Испитите ќе се полагаат најверојатно усно во мојот кабинет. Го задржувам правото за промена на термините и начинот на полагање заради непредвидливи околности со Ковид-19 епидемијата или друго дејство на виша сила, а вие сте должни да го следите овој блог. Ве молам на е-пошта да ми јавите во која декада ќе полагате за да си го организирам времето. Среќно подготвување на испитите!

Предметен наставник

Friday, April 29, 2022

Термини за полагање испити за прв циклус на студии во јунска сесија 2022

Почитувани студенти, 

Во прилог ви ги праќам термините за полагање на моите испити во јунската сесија 2022 година за студентите од прв циклус. Како што стојат работите со пандемијата Ковид-19, најверојатно е дека испитите ќе се полагаат со физичко присуство. Вие сте ДОЛЖНИ да запишете од задната страна на пријавата во која декада ќе полагате (прва или втора). Но, јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила или други фактори или повторно пламнување на пандемијата. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени. Потребно е да се биде најмалку 15-тина минути пред терминот заради навремено сместување на студентите. Препишувањето и други форми на неакадемско однесување строго ќе бидат санкционирани.

Прва декада
30.05.2022  ХГФ и ХГ во Голем амфитеатар 08:00 часот

31.05.2022  ФФА и МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

Втора декада
20.06.2022 ХГФ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

21.06.2022 ФФА во Голем амфитеатар во 08:00 часот

21.06.2022 ХГ во Голем амфитеатар во 09:00 часот

23.06.2022 МОИ во Амфитеатар 4 во 08:00 часот


Предметен наставник