Tuesday, May 31, 2022

Неславно завршена прва декада

Почитувани студенти,

Чувствувам потреба да ви се обратам за да ви појаснам упте некои работи. Неславно заврши првата декада од летната сесија вчера и денес. Вака слаби резултати немало никогаш во мојот речиси четврт век на ФЗФ. Јас навистина не знам каде сте го трошеле времето што сте правеле од февруари наваму. Само една положена студентка од 42 полагања по сите испити. На испит се доаѓа со најмалку 3 пати научен материјал, а не како на гости да доаѓате. Се извинувам што немав слатко да ве послужам. По одредни испити максималниот број на поени беше 15, а другите се движеа од 1-10. Катастрофа е мал збор за вашите резултати. Ве молам во втората декада не ме „малтретирате“ и  да не доаѓате за да освоите 1 или 5 поени. Срамно е и потценувачки и за вас и за мене. 

Повторно некои студенти сакаат да се провлечат без да купат пријава за испити. Ако ви е скапо, дојдете следниот пат ќе ви дадам 50 денари да си купите пријава, а не вака ниско да се провлекувате на испит без пријава, само за да го видите тестот.

Да заклучам, ако вака бидат резултатите и во втората декада, тогаш тешко на Македонија со ваков иден кадар. Ви благодарам за разбирањето, ако ме разбирате нешто...

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment