Драги мои студенти,
За да не ме прашувате многу со пораки, еве ви го преведено упатството за пишување апстракти. Нека ви е со среќа подготовката на апстрактите.
На Конгресот ќе бидат презентирани трудови, кратки комуникации и студии на случај од сите области на дефектологијата .
Апстрактот треба да биде помеѓу 200 и 300 зборови, со празно место (не вклучувајќи го насловот, авторот (ите) , припадност и клучните зборови ).
Текстот на апстрактот мора да биде изедначен од двете страни, на А4 формат со маргини од 2 см.
Наслов на апстрактот треба да бидат напишани во Times New Roman, 12 pt, со задебелени букви. Полно име и презиме и од која институција доѓаат сите автори треба да бидат напишани во Times New Roman 12, се подвлекува името на авторот што ќе го изложува трудот во фуснота држави, а неговата e- mail адреса. Апстрактот треба да е напишан на српски јазик , фонт Times New Roman 10. Странските автори (не екс- ју ) може да поднесат апстракт само на англиски јазик. Во апстрактот не треба да биде вклучена литература. На крајот на апстрактот треба да се даде 3-5 клучни зборови во Times New Roman , 10pt , italic (курзив). Доставените апстракти ќе бидат рецензирани. Студентите кои сакаат да поднесат труд треба да избере ментор од редот на наставниците (доцент, вонреден и редовен професор), кои ќе им помогнат во подготвувањето на апстрактот. Кога ќе го испратат апстрактот студентите треба да го наведат името на менторот.
Член на научен одбор
Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Saturday, October 26, 2013
Студентски конгрес во Златибор од 20-24 ноември
Почитувани студенти,
Со задоволство сакам да ве информирам дека од 20 до 24 ноември во Златибор, Србија ќе се одржи студентски конгрес за студентите од специјална едукација и рехабилитација од балканските простори. Организатор на настанот се студентите од ФАСПЕР во Белград, поддржани од нивниот Деканат. Рокот за пријава на научни трудови е до 10 ноември. Времето е кусо, но и невозможно да се направи труд. Можно е учество без теми. Деканот на ФЗФ одбрил мини комбе за транспорт до Златибор. Со раководителката наша преговараме да обезбедиме што повеќе гратиси за нашите студенти или партиципација со минимално учество.
Ги молам сите заинтересирани да ми се јават дека сакаат да одат на конгресот. Во меѓувреме да бараат тема и ментор. Ако се надмине бројот на студенти кои ќе бидат гратис или со мала котизација, тогаш ќе мора одредени студенти да платат поголема сума на пари. Поквалитетните трудови имаат предност за гратиси или за минимална котизација, а другите ќе одат со плаќање во сопствена режија. Доколку сакате повеќе информации кликнете на линкот.

Friday, October 25, 2013
Петто предавање ФФА - 26.10.2013
Почитувани студенти,
Заради празникот „11 октомври„ еден предавање по ФФА сме поназад во однос на ХГ. Утре ќе стане збор за крвно-мозочна бариера, комуникација во невронот, структура на синапса, рецептори и авторецептори, менинги. Предлагам да се погледаат следните видео клипови.
Предметен наставник

Шесто предавање ХГ - 26.10.2103
Почитувани студенти,
Утре е на ред шестото предавање по Хумана генетика. Ќе стане збор за хормозомски аберации и тоа структурни и нумерички и сосема на крај вовед во мутации.
Да погледнеме неколку видео клипови.

Утре сабота замена за изгубените предавања
Почтиувани студенти,
Сакам да ви потврдам дека утре сабота на ФЗФ во слушална 11 ќе се одржат предавањата кои минатата седмица заради конференцијата не бев во можност да ги одржам.
Во 09:30 почнуваме со Хумана генетика, а во 12:00 со Физиологија и функционална анатомија.

Thursday, October 24, 2013
Четврто предавање ФФА - 25.10.2013
Почитувани студенти,
По подолга пауза заради празникот и заради конференцијата во Охрид утре следува четвртото предавање по Физиологија со функционална анатомија. според силабусот предвиден е мускулен систеим и треба да се започне со нервен систем. Во сабота ќе надополниме дел од пропиштеното. Предлагам да видиме дел од утрешните видео клипови.

Теми за подготовка на првиот колоквиум Физиологија со функционална анатомија
Почитувани студенти,
Ви ги проследувам темите за подготовка на првиот колоквиум по ФФА.
Ви ги проследувам темите за подготовка на првиот колоквиум по ФФА.
Функционална организација и општ план на телото.
Регулирачките системи за одржувањето на внатрешната хомеостаза;
Физиологијата на клетката;
Телесни течности и електролити;
Физиологија на крвта;
Мускулен систем;
Физиологијата на нервниот систем;
Вклучително и автономен нервен систем.
Среќно учење
Предметен наставник
Wednesday, October 23, 2013
Прва колоквиумска недела
Почитувани студенти,
Како што веќе знаете идната недела на ФЗФ е првата колоквиумска недела за оваа учебна година. Еве ги и моите термини:
30.10.2013 во 08:15 - Генетика, Физиологија, МОИ - библиотека Институт за дефектологија
31.10.2013 во 08:00 - Хумана генетика - библиотека Институт за дефектологија
01.11.2013 во 08:00 - Физиологија со функционална анатомија - библиотека Институт за дефектологија
За арно нека е!

Петто предавање ХГ - 24.10.2013
Почитувани студенти,
Утре во 08:00 часот ќе го имаме петтото предавање за овој семестар. Ќе стане збор за транслација на протеини, хередограм и видови наследувања во хуманата генетика. Ви споделувам неколку позначајни видеоклипови.
Предметен наставникТеми за подготовка за првиот колоквиум Генетика
Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Во прилог се потребните теми за учење на првиот колоквиум по предметот Генетика.
Во прилог се потребните теми за учење на првиот колоквиум по предметот Генетика.
Вовед во генетика;
Класична генетика;
Структурна организација на клетката;
Цитогенетика;
Молекуларни основи на наследувањето;
Наследување и видови наследувања;
Промени во
наследните чинители (аберации и мутации);
Генетика на полот.
Првиот колоквиум се полага во среда на 30.10.2013 година во библиотека на Институтот за дефектологија во 08:15 часот.
Предметен наставник
Предметен наставник
Subscribe to:
Posts (Atom)