Saturday, October 26, 2013

Студентски конгрес во Златибор од 20-24 ноември

Почитувани студенти,
Со задоволство сакам да ве информирам дека од 20 до 24 ноември во Златибор, Србија ќе се одржи студентски конгрес за студентите од специјална едукација и рехабилитација од балканските простори. Организатор на настанот се студентите од ФАСПЕР во Белград, поддржани од нивниот Деканат. Рокот за пријава на научни трудови е до 10 ноември. Времето е кусо, но и невозможно да се направи труд. Можно е учество без теми. Деканот на ФЗФ одбрил мини комбе за транспорт до Златибор. Со раководителката наша преговараме да обезбедиме што повеќе гратиси за нашите студенти или партиципација со минимално учество.
Ги молам сите заинтересирани да ми се јават дека сакаат да одат на конгресот. Во меѓувреме да бараат тема и ментор. Ако се надмине бројот на студенти кои ќе бидат гратис или со мала котизација, тогаш ќе мора одредени студенти да платат поголема сума на пари. Поквалитетните трудови имаат предност за гратиси или за минимална котизација, а другите ќе одат со плаќање во сопствена режија. Доколку сакате повеќе информации кликнете на линкот.
Член на научен одбор

No comments:

Post a Comment