Wednesday, October 2, 2013

10-от интернационален конгрес на Аутизам Европа

Почитувани колешки и колеги,
Како што веќе најавив од 26 до 28 септември во Будимпешта, Унгарија се одржа 10-от интернационален конгрес на Аутизам Европа. Околу 1000 родители и професионалци од 73 држави дискутираа на тема „нови димензии на аутизмот„. Тие споделија најнови сознанија за подобрување на човековите права и квалитетот на живот на оваа ранлива категорија на граѓани. Конгресот се одржа во прекрасниот конгресен центар на Новотел хотелот. Едно импозантно здание, какво што ние можеме да го сонуваме.



Конгресот го поздрави принцезата Мери од Данска, што на конгресот му даде малку и гламурозен тон. Ова беше историски 10 конгрес на прославувањето на јубилејот 30 години од постоењето на Аутизам Европа. Организатор беше унгарската асоцијација за аутизам, заедно со Аутизам Европа. Се работеше во пленрна сала и во три помали сали напоредно.


На конгресот имав можност да остварам нови контакти со претставници и колеги од Autism Speaks, Центарот за аутизам од Загреб, Републичкото здружение за помош на деца со аутизам од Србија, сретнав колешка која десетина години работи во Лондон. Во однос на презентациите тие беа повеќе психолошко-социолошко-филозофски ориентирани, така што не бев нешто посебно импресиониран. Следниот конгрес ќе се одржи во Единбург, Шкотска во 2016 година, а во организација на националната асоцијација за аутизам (NAS).


Во оваа пригода сакам уште еднаш да се заблагодарам на моите спонзори Тинекс од Скопје и Аполонија фондација од Гевгелија кои финансиски го поткрепија моето патување во овие тешки времиња и несебично одвоија дел од нивните буџети.



Претседател на МНЗА

No comments:

Post a Comment