Почитувани постдипломци,
Деканатот има донесено одлука за дополнителна сесија за полагање во месец октомври, преседан кој се нема случено досега. Работава излегува дека ние професорите само треба да испрашуваме. Секој месец по два пати испити за додипломци, постдипломци. Време за наука, проекти, конференции и други активности нема. Како да можело постдипломец што ќе падне во средина на септември, за 40 дена да го подготви испитот Аутизам. Но, ајде да не бидам „лошиот„ ви соопштувам дека испитот Аутизам ќе се полага на 21.10.2013 со почеток во 9.00 часот, веднаш по интернационалната конференција. Никој не мисли дека и ние професорите сме луѓе и дека треба да одмориме по пеколното темпо што е наметнато во последниот месец. Другите два испита кои сум во комисија најверојатно ќе се полагаат на 22.10.2013, чекам одговор од колешките од Медицински факултет. Ги молам сите постдипломци кои ќе полагаат испити кај мене да ми се јават со електронска порака.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment