Saturday, October 5, 2013

Студентите и постдипломците на 4-тата меѓународна конференција во Охрид

Почитувани студенти и постдипломци,
Бидејќи последниве денови добив неколку електронски пораки од вас и бидејќи претпоставувам дека постои сериозен интерес за учество на 4-тата меѓународна конференција: „Модерни аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со посебни потреби„ што ќе се одржи во хотел Метропол од 17 до 19 октомври 2013 решив да ви дадам дополнителни податоци.
Неопходно е во најскоро време да уплатите котизација во една од банките во РМ, бидејќи тоа нема да биде дозволено на самата регистрација.

Котизација за студенти од прв и втор циклус на студии (невработени дефектолози):15 евра
Уплата за котизација за Конференцијата, Охрид, 2013 г. за учесници од Р. Македонија
- на жиро с-ка на Филозофски факултет:
160010422778818
- приходна шифра: 723119
- програма: 41
цел на дознака: kotizacija.conf.def.2013

Со котизацицијата добивате присуство на сите сесии, конференциски материјал, сертификат, коктел, свечена вечера и неколку кафе паузи.
Доколку ви е скап хотел Метропол, ви нудиме можност да се сместите во Конгресен центар Охрид на УКИМ, каде што ноќевање со појадок за учесниците на конференцијата чини 1080 денари по лице. Хотелот се наоѓа на 500 метри од хотел Метропол. Доколку и ова не можете да си го дозволите, тогаш барајте приватно сместување во градот или во населбата Коњско. Доколку се одлучите за сместување во Конгресен центар треба итно да испратите електронска пошта на следната електронска адреса international.conference.mkd@gmail.com
Филозофскиот факултет од Скопје за своите вработени, организацискиот одбор и за сите странци организира бесплатен превоз до хотел Метропол и ако Деканот дозволи поголем автобус тогаш ќе има можност и за вас да бидете превезени до таму. Затоа ве молам итно пријавете се на следната електронска адреса international.conference.mkd@gmail.com. Автобусот ќе тргне од паркиногт на Филозофски факултет на 17.10.2013 и вие треба да сте таму од 06:30 најдоцна до 06:45 часот.
Доколку сакате дополнителни информации за конференцијата ве молиме посетете ја официјалната веб страница на конференцијата.
Срдечен поздрав и Ве очекуваме во балканскиот Ерусалим - нашиот Охрид.
Член на научен одбор на конференцијата


No comments:

Post a Comment