Sunday, December 14, 2014

Тринаесетто предавање ФФА - 19.12.2014

Почитувани студенти,
Ви благодарам за вчерашното присуство на предавањето по ХГ каде бевте преку 60 од вас. Во петок е последното предавање по предметот Физиологија со функционална анатомија каде ќе стане збор за Физиологија на учење и меморија. Предлагам да ги погледнете следните видеоклипови.
Предметен наставник






15 ЕКТС поени - 15.12.2014

Почитувани студенти,
Сите вие кои ги немате освоено 15 ЕКТС поени, ве поканувам утре 15.12.2014 во периодот од 08:30 до 12:30 да си ја завршите таа обврска затоа што без тоа нема полагање испит во јануарска сесија.
Предметен наставник

Friday, December 12, 2014

Теми за учење за вторите колоквиуми

Почитувани студенти,
Во прилог се темите за вторите колоквиуми по моите предмети.

Физиологија со функционална анатомија за прва и втора година
  1. Сензорен нервен систем
  2. Болка
  3. Перцепција на температура
  4. Моторен нервен систем
  5. Улога на продолжениот мозок во контрола на моторните функции
  6. Улога на малиот мозок во контрола на моторните функции
  7. Улога на базалните ганглии во контрола на моторните функции
  8. Систем на сетила
  9. Ендокрин систем
  10. Физиологија на говор
  11. Физиологија на учење и меморија
Физиологија со функционална анатомија за трета година
Од таму каде заврши првиот колоквиум сите поглавја заклучно со уринарен систем
 
Физиологија за студенти од Институт за психологија и Институт за семејни студии
  1. Сензорен нервен систем
  2. Моторен нервен систем
  3. Улога на продолжениот мозок во контрола на моторните функции
  4. Улога на малиот мозок во контрола на моторните функции
  5. Улога на базалните ганглии во контрола на моторните функции
  6. Систем на сетила (без делот анатомија)
  7. Ендокрин систем
  8. Физиологија на учење и меморија
  9. Физиологија на сонот
  10. Физиологија на емоции
Хумана генетика за прва и втора година
  1. Генски мутации
  2. Моногенски болести
  3. Пренатална дијагноза
  4. Конгенитални малформации
  5. Хромозомопатии
  6. Генетски аспекти на слушните нарушувања
  7. Генетски аспекти на оштетувања на видот
  8. Генетски аспекти на интелектуалната попреченост
  9. Генетски аспекти на миопатиите
  10. Генетски аспекти на аутизмот
  11. Генетско советување
  12. Генотерапија
 Генетика за студенти од Институт за психологија
  1. Генски мутации
  2. Пренатална дијагноза
  3. Студии во психогенетика
  4. Генетски аспекти на аутизмот
  5. Генетски аспекти на психијатриските нарушувања
  6. Генетско советување
  7. Генотерапија
Предметен наставник


Дванаесетто предавање ХГ - 13.12.2014

Почитувани студенти,
Утре (сабота) ќе ги одработиме предавањето и вежбите по предметот Хумана генетика што ги изгубивме минатата седмица заради вашата теренска настава. Ќе завршам со генетските аспекти на миопатиите и ќе зборувам за Генетика на аутизмот. Во овој пост ќе ги видите и клиповите за последното предавање во четврток на 18.12.2014 година кое ќе ги опфати Генетско советување и Генска терапија. Клиповите може да ги погледнете тука.
Предавањето ќе се одржи на ФЗФ во слушална 11 со почеток во 08:30 часот, а веднаш потоа следуваат и вежбите ХГ за двете групи.
Предметен наставник

Monday, December 8, 2014

Дванаесетто предавање ФФА - 12.12.2014

Почитувани студенти,
Каква коинциденција, во петок на 12.12. ќе го одржам дванаесеттото предавање по предметот Физиологија со функционална анатомија. Ќе стане збор за Физиологија на говорот. Патем среќен празник Св. Климент Охридски.
Предметен наставник

Единаесетто предавање ХГ - 11.12.2014

Почитувани студенти,
Во четврток на 11 декември на агендата е предавањето за Генетски аспекти на ментална ретардација и Генетски аспекти на миопатии. Предлагам да ги погледнете следните видеоклипови.
Предметен наставник















Monday, December 1, 2014

Follow by Email this Blog

Драги читатели,
Доколку се` уште не сте се регистрирале на овој блог за да добивате редовно електронски пораки кога ќе објавам нешто, време е конечно да го сторите тоа. На средина од блогот, т.е. по последниот објавен блог пост се наоѓа бело поле Follow by Email во кое треба да ја вчукате вашата електронска пошта и да го стиснете копчето submit. На тој начин сте пријавени и секогаш кога ќе направам ажурирање на блогот со нов пост, вие на вашата електронска пошта ќе добивате известувања.
Сопственикот на блогот

Единаесетто предавање ФФА - 02.12.2014

Почитувани студенти,
Утре на предавањето по Физиологија со функционална анатомија ќе стане збор за Ендокрин систем. Доколку сакате подобро да го усвоите материјалот погледнете ги следните видео клипови.
Предметен наставник

Термини за испити прв циклус на студии - зимска испитна сесија 2015

Почитувани студенти,
Знам дека сте нестрпливи со термините за испити за зимската испитна сесија во 2015 година. Тоа се следните рокови:

Прва декада:
22.01.2015 Генетика, Физиологија, ФФА во 08:30 часот
23.01.2015. ХГ и МОИ во 08:30 часот

Втора декада
02.02.2015 Генетика, Физиологија, ФФА во 08:30 часот
03.02.2015. ХГ и МОИ во 08:30 часот

Среќно учење!
Предметен наставник

Втор колоквиум по сите предмети

Почитувани студенти од сите институти,
Сите вие кои ги положивте првите колоквиуми, сакам да ве инфомирам дека вториот колоквиум по сите мои предмети ќе се полага на 24.12.2014 година (среда) со почеток во 08:15 часот. Потребно е да се биде пред библиотеката на Институтот за дефектологија 15 минути пред почетокот на колоквиумот. Ви посакувам многу успех на истиот.
Предметен наставник