Почитувани колешки и колеги, драги пријатели,
Со големо задоволство сакам да ве информирам дека на светскиот ден на аутизмот 2 април (вторник) делегација на членови на Македонското научно здружение за аутизам и семејства кои имаат дете со аутизам ќе одиме на средба со Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов.
За овој проблем ништо не е сторено од страна на државата од ниту една досегашна Влада. Овој проблем во САД веќе има епидемиски размери и тоа се раѓа 1 новородено на 110 деца. Светската статистика говори за катадневно зголемување на бројот на овие лица.
Ова е вообичаена практика на слични вакви здруженија со претседатели на држави од регионот. Со оваа средба планираме да ја подигнеме јавната свесност за аутизмот во РМ и би покажале дека оваа популација не е маргинализирана. Родителите би можеле да ги искажат своите проблеми и да се почувствуваат сигурни дека навистина некој во државата се грижи за нив. На средбата се очекува присуство на медиуми со цел запознавање на пошироката јавност за проблемот. Искрено се надеваме дека овој пат медиумите нема да ја игнорираат нашата покана.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment