Wednesday, December 31, 2014

Advances in Mental Health and Intellectual Disabilities

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да споделам една информација со вас во врска со списанието Advances in Mental Health and Intellectual Disabilities чиј уредник е моја колешка од Лондон. Таа ве поканува да субмитирате труд во нејзиното реномирано списание.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER

I am writing to invite you to submit an article to Advances in Mental Health and Intellectual Disabilities (AMHID), a peer-reviewed journal that publishes original research as well as review articles. The journal provides a vital and pioneering source of information specific to the mental health needs of people with intellectual disabilities.
 
AMHID integrates current research with practice and keeps researchers and professionals up to date with a variety of different perspectives in the field.
 
The editors welcome the submission of papers from researchers, practitioners, managers and academics who are involved in research with or delivering practice to people with intellectual disabilities.
 
Articles include:
.               current research
.               developments in the design and delivery of services
.               policy and its implications for practice
.               clinical case studies, enabling professionals to learn from the experience of others and to improve their own practice
.               resource reviews.
 
 
The special issues in 2015 will include the following topics:
 
.               Diagnostic assessment of autism
.               New developments in autism research
.               ADHD and intellectual disabilities
.               Prison populations with intellectual disabilities
.               The 'inbetweeners' - those who fall between traditional services
.               Children with intellectual disabilities
.               Physical comorbidity in autism
.               Integrated care for people with intellectual  disabilities
    
  
Author guidelines
 
Where to submit
 
Please do not hesitate to contact me if you have any questions about the journal.
 
Best wishes for a happy and successful New Year!
 
Dr Vesna Jordanova
Consultant Psychiatrist in Learning Disabilities
South London and Maudsley NHS Foundation Trust
Bethlem Royal Hospital
Monks Orchard Road|Beckenham BR3 3BX
Commissioning Editor
Advances in Mental Health and Intellectual Disabilities

Tuesday, December 30, 2014

Термини за испити прв и втор циклус зимска сесија

Почитувани студенти и постдипломци,
Пред малку од координаторката за ЕКТС ги добив термините за сите испити од прв и втор циклус во зимската сесија 2015 година. Иако, моите термини ви ги доставив одамна на овој блог, сега сакам да ве потсетам и да ви ги понудам термините кај другите професори. Овде можете да ги симнете термините за прв циклус, а на следниот линк термините од втор циклус на студии.
Среќни новогодишни и Божиќни празници
Предметен наставник

Список на ЕКТС поени по предметите Генетика и Физиологија

Почитувани студенти од Институтите за психологија и семејни студии,
Денес на семинарот дојдоа само 10 студенти што им дава за право да излезат на испит доколку имаат освоено 15 ЕКТС поени. Сите што не дојдоа на семинарот не знам како планираат да полагаат испити кај мене. Студентите што се одбележени со зелена боја треба да земат дополнителни задачи бидејќи не го исполнија цензусот од 15 поени. Студентите кои се одбележени со црвена боја немаат право да ги полагаат моите испити заради неисполнување и незавршување на обврските предвидени со Болоњскиот систем на студирање. Овде можете да го симнете списокот за предметот Генетика, а овде списокот за предметот Физиологија.
Среќни Новогодишни и Божиќни празници.
Предметен наставник

Sunday, December 28, 2014

Семинар за студенти од Психологија и Семејни студии - 30.12.2014

Почитувани студенти од Институтите за писхологија и семејни студии,
Иако рокот за испраќање на семинарски презентации ви истече сакам да ве предупредам дека нема да можете да ги полагате испитите без да освоите 15 ЕКТС поени. Само шест студенти ми испратија презентации, а вие сте околу 20-тина студенти. Кога планирате да ги доставите презентациите?
Презентациите треба да бидат сработени во програмот Power Point по можност верзија 2003. Времето за презентациите е ограничено на 10 минути. Овде можете да видите како да направите добра презентација. Ако сакате да дознаете како НЕ треба да ви изгледа презентацијата кликнете овде.
Вашиот семинар, одбрана на интернет ресурси и обработка на труд ќе се случуваат во вторник 30.12.2014 година во 08:15 часот во лабораторијата на Педагошкиот факултет. Времето на завршување не е познато и ќе зависи од вашето знаење и умеење за презентирање. Бидејќи не слушавте предавања ќе мора да ги освоите потребните 15 ЕКТС поени од овие три задачи. За семинарската задолжително да направат Power Point по напатствијата што ги напоменав погоре. Презентациите треба да ми бидат доставени на мојата службена електронска пошта во програмот Power Point по можност верзија 2003 најдоцна до денес 28.12.2014 во 20:00 часот. Другите две задачи треба да ги научите и да ги одговарате устно. Лабораторијата се наоѓа на Педагошкиот факултет во Скопје, лево од главниот влез на вториот спрат, поточно на Институтот за безбедност одбрана и мир. Кога ќе влезете во институтот првата врата десно е местото каде ќе се презентира.
Предметен наставник

15 ЕКТС поени - трет пат 29.12.2014

Почитувани студенти,
Ве повикувам по трет пат овој месец сите вас кои немате освоено 15 ЕКТС поени како услов за полгање на испитите кај мене. Време во кое може да дојдете утре 29.12.2014 во мојот кабинет е од 08:00 до 13:00 часот.
Предметен наставник

Saturday, December 27, 2014

Втор меѓународен конгрес за студенти по социјална педагогија во БиХ

Почитувани студенти,
Пред малку ги добив дополнителните информации за вториот студентски конгрес за студенти по социјална педагогија во Босна и Херцеговина што ќе се одржи во Зеница на 24 и 25 април 2015 година. Поканата и детални информации ќе можете да ги симнете овде. Образецот за да се пријавите за учество на следниот линк. Образецот за пријава на апстракт можете да го преземете од тука.
Рок за пријавување на учество: 20.01.2015.
Рок за доставување на апстрактите: 03.03.2015.
Рок за доставување на повратна информација за прием на апстрактот: 15.03.2015.
Сите студенти кои сакаат да им бидам ментор нека ме побараат во понеделник за договор, бидејќи по 8 јануари може да биде малку доцна.
Менторот

 

Friday, December 26, 2014

Термини за испити за втор циклус - февруарска сесија 2015

Почитувани постдипломци,
Сакам да ви ги споделам термините за полагање испити по моите предмети за втор циклус во февруарската сесија 2015 година.

Прва декада
  • Аутизам 10.02.2015 во 09:00 часот
  • Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања 10.02.2015 во 12:00 часот
Втора декада
  • Аутизам 25.02.2015 во 09:00 часот
  • Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања 25.02.2015 во 12:00 часот
Предметен наставник

Thursday, December 25, 2014

Список на ЕКТС поени по предметот ФФА - 2014/2015

Почитувани студенти од прва година,
Ова е јубилејниот 500-ти пост на овој блог и со него го завршувам денот. Во прилог ви го проследувам списокот со ЕКТС поени по предметот Физиологија со функционална анатомија. Пет студенти го положија испитот од кои: една има оцена шест, три имаат оцена седум, и една има оцена девет. Доколку некој не е задоволен со оцената, испитот може да го преполага во јануарска сесија. Студентите што се одбележени со црвено не можат да го полагаат испитот додека не освојат 15 ЕКТС поени.
Денес имавме навистина добри семинари и резултатите кај некои студенти се веднаш видливи. Овде може да го симнете списокот со ЕКТС поени.
Предметен наставник

Список на ЕКТС поени по предметот ХГ

Почитувани студенти од прва година,
Успеав некако да го направам и вкупниот список на ЕКТС поени по предметот Хумана генетика. Само три студентки го положија исптитот преку колоквиуми и активности. Една доби оцена осум, а другите две добија оцени седум. Доколку не се задоволни од исходот, можат да ми се јават и да ја поништат оцената и да полагаат цел испит во јануарска сесија. Останатите кои имаат 15 и повеќе ЕКТС поени може да се јават на испит во јануарска сесија. Оние кои се одбележени со црвена боја, т.е. имаат помалку од 15 поени треба да земат задача или доколку зеле задача истата треба да ја предадат и одбранат и со тоа се стекнат со право за полагање на испит. Списокот можете да го симнете од овде. Во текот на вечерва ќе направам напори да ги добиете поените и по другиот предмет.
Предметен наставник

Резултати од вториот колоквиум ХГ - 25.12.2014

Почитувани студенти од прва и втора година,
Во прилог ви ги праќам резултатите од утринскиот колоквиум по Хумана генетика. Нажалост една студентка не го помина цензусот. Повеќе учење на испит во јануарска сесија. Честитки за положените студентки. Оцените ќе бидат пишувани кон крај на јануари во посебен термин наменет за тоа.


Реден број
Број на индекс
ЕКТС
поени
1.           
23308/14
26
2.           
23263/14
19.5
3.           
8577/14
18
4.           
23156/13
12.5

Предметен наставник

Резултати од вториот колоквиум ФФА - 25.12.2014

Почитувани студенти од прва и втора година,
По жестоко напорниот ден, во прилог ви ги проследувам резултатите од утринскиот колоквиум по Физиологија со функционална анатомија. За жал две студентки не ја искористија шансата да положат преку колоквиуми. На сите останати им го честитам положувањето на испитот. Оцени ќе можат да се земат при крај на месец јануари меѓу првата и втората декада кога ќе биде назначен посебен термин на овој блог.

Реден број
Број на индекс
ЕКТС
поени
1.       
23269/14
24.5
2.       
23088/13
24.5
3.       
23191/13
24
4.       
23271/14
21.5
5.       
23092/13
21.5
6.       
8506/13
21.5
7.       
23164/13
21
8.       
23123/13
20
9.       
23182/13
20
10.   
23280/14
19
11.   
23293/14
19
12.   
23115/13
18
13.   
8554/14
14.5
14.   
23532/14
10

Предметен наставник

Wednesday, December 24, 2014

Резултати од вториот колоквиум ФФА - 24.12.2014

Почитувани студенти,
Во прилог ви ги проследувам резултатите од вториот колоквиум по предметот Физиологија со функционална анатомија. Истите не се многу задоволителни. Студентката што е пуштена условно треба да се јави на устен колоквиум во понеделник на 29.12.2014 година во 10:00 часот. Другите две студентки што имаат под 16 поени ќе треба да дојдат на цел испит во јануарска сесија.

Реден број
Број на индекс
ЕКТС
поени
1.       
22827/12
22.5
2.       
7873/12
21
3.       
22819/12
20.5
4.       
7878/12
18.5
5.       
7877/12
18
6.       
7879/12
16 условно
7.       
8200/12
15.5
8.       
22816/12
14.5
 
Предметен наставник

Резултати од вториот колоквиум Физиологија - 24.12.2014

Почитувани студенти,
Ви ги проследувам резултатите од вториот колоквиум по предметот Физиологија. За жал тие се разочарувачки, бидејќи сите три не го поминавте вториот колоквиум и ќе треба да дојдете на цел испит во јануарска сесија, но со претходно исполнување на условот 15 ЕКТС поени.


Реден број
Број на индекс
ЕКТС
поени
1.       
8645/14
14.5
2.       
8662/14
14.5
3.       
8552/14
8.5

Предметен наставник