Ова „За дипломските работи„ му доаѓа нешто како епохалното дело на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи„. Уште на почетокот сакам да признаам дека сум мошне пријатно изненаден од вашиот интерес за мене како ментор и тоа посебно во последните шест дена од изминатиот вторник до денес. Морам да бидам искрен со вас дека вакво нешто не очекувавав ни во најубавите соништа :). До овој момент додека го пишувам овој пост се пријавија 14 студентки, што е рекореден број за една година со тенденција тој број да расте. До минатата година немаше никакви ограничувања на број на дипломци по еден ментор. Но, од минатата година на Институтот воведовме едно правило секој ментор да има од 6-8 кандидати најмногу за да има рамноправна застапеност на сите професори. Кога во минатото имав мал број на дипломци немаше такво правило, сега кога тој број почна драстично да расте во моја корист од минатата година како по Марфиев закон се воведе тоа ограничувачко правило на игра. Денес, се одлучи дека за оваа генерација што во 2015 година треба да дипломира дека секој професор или доцент може да биде ментор најмногу на шест кандидати и на два студента од изминатите генерации кои малку доцнат со своето дипломирање. Тоа би значело дека јас можам да им бидам ментор на студентката А.К. и другите пет кои дојдоа неколку часа по неа минатиот вторник. Сите останати ќе мора да замолат кај колегата Киткањ или деканот ако тие сакаат да остсапат некое од нивните места. Доколку тоа не е можно, мене навистина ми е жал, но јас нема да можам да им бидам ментор на сите оние кои беа од бројот седум нагоре пријавени. Јас би сакал на сите да ви помогнам, но правило си е правило. Од минатата генерација студенти имам веќе пријавено една дипломка Љ.Ј. и имам уште едно слободно место. Тоа е можно џокер место кое би можел некој од вас да го искористи. Искрено се надевам на ваше разбирање.
Со искрена почит,
Менторот актуелен или несуден
No comments:
Post a Comment