Успеав некако да го направам и вкупниот список на ЕКТС поени по предметот Хумана генетика. Само три студентки го положија исптитот преку колоквиуми и активности. Една доби оцена осум, а другите две добија оцени седум. Доколку не се задоволни од исходот, можат да ми се јават и да ја поништат оцената и да полагаат цел испит во јануарска сесија. Останатите кои имаат 15 и повеќе ЕКТС поени може да се јават на испит во јануарска сесија. Оние кои се одбележени со црвена боја, т.е. имаат помалку од 15 поени треба да земат задача или доколку зеле задача истата треба да ја предадат и одбранат и со тоа се стекнат со право за полагање на испит. Списокот можете да го симнете од овде. Во текот на вечерва ќе направам напори да ги добиете поените и по другиот предмет.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment