Имам особена чест да споделам информација за вториот научно-стручен конгрес на логопедите во Србија под наслов: „Говорно јазични нарушувања во развојната возраст„ што ќе се одржи од 15 до 17 мај 2015 година во хотелот Babe Country Club близу до Белград. Колешките Наташа Лабовиќ и Неда Милошевиќ ми направија голема чест поканувајќи ме да бидам пленарен предавач и дел од научниот одбор на конгресот, па во нивно име како организатори ги поканувам сите логопеди, дефектолози и сродни професии од РМ да се пријават на конгресот. На конгресот можете да учествувате со устна или постер презентација или пак само пасивно да присуствувате. Јас пленарно ќе ја презентирам темата: „Медицинската генетика и нејзината примена кај говорните, јазичните и слушните нарушувања„.
Главни теми на собирот ќе бидат:
- Превенција на развојните говорно-јазични нарушувања;
- Дијагностика на развојните говорно-јазични нарушувања;
- Третман на развојните говорно-јазични нарушувања.
1 март 2015 - рок за праќање на апстракти.
15 март 2015 - рок за информација за прифатеност на апстрактот.
1 април 2015 - рок за испраќање на цели трудови.
14 април 2015 - рок за информација за прифаќање на цели трудови.
15 мај 2015 - отворање на собирот.
За дополнителни информации кликнете ја веб страницата на Здружението на логопеди на Србија. Искрено се надевам дека ќе се пријавите во задоволителен број и ќе го збогатите овој конгрес со вашето присуство.
Член на научен одбор
No comments:
Post a Comment