Sunday, December 28, 2014

Семинар за студенти од Психологија и Семејни студии - 30.12.2014

Почитувани студенти од Институтите за писхологија и семејни студии,
Иако рокот за испраќање на семинарски презентации ви истече сакам да ве предупредам дека нема да можете да ги полагате испитите без да освоите 15 ЕКТС поени. Само шест студенти ми испратија презентации, а вие сте околу 20-тина студенти. Кога планирате да ги доставите презентациите?
Презентациите треба да бидат сработени во програмот Power Point по можност верзија 2003. Времето за презентациите е ограничено на 10 минути. Овде можете да видите како да направите добра презентација. Ако сакате да дознаете како НЕ треба да ви изгледа презентацијата кликнете овде.
Вашиот семинар, одбрана на интернет ресурси и обработка на труд ќе се случуваат во вторник 30.12.2014 година во 08:15 часот во лабораторијата на Педагошкиот факултет. Времето на завршување не е познато и ќе зависи од вашето знаење и умеење за презентирање. Бидејќи не слушавте предавања ќе мора да ги освоите потребните 15 ЕКТС поени од овие три задачи. За семинарската задолжително да направат Power Point по напатствијата што ги напоменав погоре. Презентациите треба да ми бидат доставени на мојата службена електронска пошта во програмот Power Point по можност верзија 2003 најдоцна до денес 28.12.2014 во 20:00 часот. Другите две задачи треба да ги научите и да ги одговарате устно. Лабораторијата се наоѓа на Педагошкиот факултет во Скопје, лево од главниот влез на вториот спрат, поточно на Институтот за безбедност одбрана и мир. Кога ќе влезете во институтот првата врата десно е местото каде ќе се презентира.
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment