Saturday, November 28, 2015

Некои напомени за семинарските трудови - ноември 2015

Почитувани студенти од прва година,
Сакам да споделам некои напомени во врска со предавањето на семинарски трудови. Ве потсетувам дека семинарските трудови ќе се примаат во печатена верзија најдоцна до 30.11.2015 година во периодот од 10:00 до 14:00 часот, а електронската верзија најдоцна до 23:59 истиот датум.  
За да не ми праќате сите електронска пошта отворив корисничка сметка на www.gmail.com
корисничко име: defektologijaseminarski@gmail.com
лозинка: за студентите од Институтот за дефектологија ќе биде објавена во ФБ групата, а студентите од Институтот за психологија треба да ми испратат електронска порака за да им го испратам.
Кога ќе влезете во корисничката сметка треба да одите во делот Drive,  и да го закачите (upload-ирате) вашиот Word документ, т.е. вашиот семинарски труд и интернет ресурси за вонредните студенти. Обработките на труд не се закачуваат. Студентите од Институтот за дефектологија ќе ги ставаат своите фајлови во фолдерите ХГ-ноември 2015 за предмететот хумана генетика, ФФА-ноември-2015 за предметот Физиологија со функцинонална анатомија. Студентите од Институтот за психологија и Институтот за семејни студии ќе ги закачуваат своите фајлови во фолдерите Генетика - ноември 2015 и Физиологија - ноември - 2015, зависно од предемтот што го слушаат. Именување на фајлот треба да биде вашето целосно име и презиме-насловот на семинарската (интернет ресурсот)-кратенка за предметот. На пример: Ристана Петковска-Хромозоми-ХГ или Стојко Вранковски-Физиологија на видот-ФФА. Ве молам за прецизно закачување на трудовите да не дојде до некаква конфузија. Сите трудови што ќе стигнат по 30.11.2015 нема да бидат земени предвид за оценување.
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment