Saturday, November 28, 2015

Учество на тркалезна маса ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕДОВНОТО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Почитувани колешки и колеги,
На покана на канцеларијата на Народниот правобранител на РМ на 2 декември ќе учествувам на тркалезна маса ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕДОВНОТО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ со презентација под наслов: Аутизмот во курикулумот на Институтот за дефектологија. Тркалезната маса е организирана во рамките на ЕУ твининг лајт проект: „Промоција на надлежностите на Народниот правобранител и јакнење на институционалните капацитети “.
Ќе биде тоа уште еден мој скромен придонес кон подигнување на јавната свесност и влијание врз ресорното Министерство за образование и наука на РМ за поголеми вложувања во доедукација на кадрите кои работат во центри за аутизам или се вклучени во образовниот процес. МНЗА има 15 годишно искуство во научно истражувачката работа и едукацијата на кадри во РМ. На аутизмот мора да му се пристапи посериозно во образовниот процес!
Претседател на МНЗА

No comments:

Post a Comment