Saturday, January 30, 2016

Пишување оцени во пријави - 01.02.2016

Почитувани студенти,
Вие кои ги имате положено исптите кај мене преку колоквиуми и активности, доколку сакате да земете оцена во зимската сесија ќе мора да доставите пријава најдоцна на 01.02.2016 во периодот меѓу 11:00 и 14:00 часот. Овој термин важи и за сите оние што доставиле пријава, но не земале оцена во индекс. Доколку индексите ви се оставени кај други мои колеги или колешки, во нив ќе ви ставам оцена понатаму (не знам кога ќе ме најдете слободен). Доколку сте лично спречени да дојдете, дадете ја пријавата на друг колега/колешка да дојде да ја заведам оцената. Јас морам документацијата да ја доставам до службата за Студентски прашања и не можам да ве чекам до бесконечност. Доколку не го испочитувате и овој рок, тогаш ризикувате оцената да ви биде впишана во јунската сесија.
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment