Сакам да ве потсетам дека не е дозволено појавување на моите испити по било кој предмет без да се освојат 15 ЕКТС поени. Тоа важи како за редовните, така и за вонредните студенти. Ова го потенцирам зашто во последно време забележав дека некои студенти сакаат да се „провлечат" без да ја завршат таа обврска. Доколку некој студент/ка биде откриен дека сака да положи без да ги освои тие поени ќе му/и биде поништен испитот и ќе биде казнет/а со неможност за полање на испитите во наредните две сесии.
Утре (вторник) во 08:15 часот се полагаат Физиологија и Генетика за студенти од Институтот за психологија и ФФА од Институтот за дефектологија.
Задутре (среда) во 08:15 се полагаат Хумана генетика и Медицински основи на инвалидноста.
Потребно е да дојдете 15 минути порано пред библиотеката на Институтот за дефектологија со заверена пријава и индекс.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment