Времето за одмор, времето за полагање испити заврши. Нареднава недела започнува вториот семестар, тнр. летен, иако е уште зима :). Предавањата по предметот Медицински основи на инвалидноста започнуваат веднаш во вторник на 16.02.2016 година со почеток во 08.00 часот и ќе се одвиваат на старото и добро познато место. Вежбите ќе започнат на 23.02.2016 и сите студенти ќе бидете распоредени во една група, заради мои двојни предавања со студенти преслушувачи и преисполнетост на фондот на часови. Вежбите ќе започнуваат некаде околу 10:45 до 11:00 часот, по одредена пауза по предавањата. Како и минатиот семестар така и овој должен сум да ви го дадам на увид силабусот. Од вас се очекува да бидете максимално редовни на предавањата и вежбите, да покажете активност за време на вежбите и да ги положувате на време испитите. Другото оставете ни го нам повозрасните.
1. Класификација на менталната ретардација
2. Епидемиологија на менталната ретардација
II. Недела 23.02.2016
3. Етиологија на менталната ретардација
4. Преглед на ментално ретардирано лице
5. Физички и биолошки методи на преглед на МРЛ
6. Дијагноза на ментална ретардација
III. Недела 01.03.2016
7. Диференцијална дијагноза на менталната ретардација
8. Третман на менталната ретардација
9. Прогноза на менталната ретардација
10. Превенција на менталната ретардација
11. Шизофренија
IV. Недела 08.03.2016
12. Хиперкинетски синдром (АДХД)
13.Myasthenia gravis
14. Мултипна склероза
V. Недела 15.03.2016
15. Аутизам
16. Ретт-ов синдром
VI. Недела 22.03.2016
17. Церебрална парализа
18. Развојни заболувања на ЦНС
VII. Недела 29.03.2016
I КОЛОКВИУМ
VIII. Недела 05.04.2016
19. Методи на испитување на слухот
20. Аудиометрија
21. Испитување на слухот кај децата
IX. Недела 12.04.2016
22. Акутни воспаленија на надворешното уво
23. Акутни воспаленија на средното уво
24. Хронични воспаленија на средното уво
25. Отогени компликации
Х. Недела 19.04.2016
26. Мениерова болест
27. Отосклероза
XI. Недела 26.04.2016
28. Нарушувања на говорот
29. Основи на фонијатријата
30. Методи на преглед во фонијатријата
31. Фонација
32. Фонациски автоматизми
33. Нарушувања на фонацијата
34. Функционални нарушувања на гласот
35. Гласот и говорот по ларингектомија
XII. Недела 03.05.2016
36. Испитувања на функцијата на видот (офталмолошки тестови)
37. Рефракција на окото
38. Видови рефракции и испитувања на рефракцијата
39. Миопија
40. Хиперметропија
XIII. Недела 10.05.2016
41. Страбизам
42. Патолошки промени на леќата
XIV. Недела 17.05.2016
43. Глауком (поим и дефиниција)
44. Состојби на глауком
45. Вроден глауком
46. Функционална амблиопија
XV. Недела 31.05.2016
II КОЛОКВИУМ
Семинар и потписи
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment