Почитувани колешки и колеги,
Ви проследувам уште една покана за интересна конференција во регијата што ќе се одржи од 14 до 16 октомври во Суботица, Република Србија. До мене денес стигна покана за пишување на цели трудови во тематски зборник под наслов: „Рана интервенција во специјалната едукација и рехабилитација". Издавач на зборникот е Факултетот за специјална едукација и рехабилитација при Универзитетот во Белград. Уредник на зборникот е проф. д-р Радмила Никиќ. Сите заинтересирани можат да ги достават своите трудови на следната е-пошта најдоцна до 30.06.2016 година. Информација за прифаќање на трудовите ќе добиете најдоцна до 20.07.2016 година. Тематскиот зборник има меѓународно значење поради меѓународниот уредувачки одбор. Трудовите ќе бидат рецензирани од страна на три меѓународни рецензенти.
Воедно ова е покана до сите мои дипломци, магистранти и докторанди, како и до останатите колешки и колеги активно да се вклучат во пишувањето трудови.
Во трудот треба да бидат наведени следните карактеристики:
Вид на трудот: научен труд или ревијален труд
Јазик: англиски
Обем минимално 1 авторски табак (1 авторска страна има најмалку 1800 текстуални знаци), а максимално 20 авторски страници.
Фонт: Cambria
Маргини: горна и долна – 2,5 cm, лева и десна - 2 cm
Проред: 1,5
Големина на буквите:
• Наслов - 12 pt, BOLD
• Имиња на автори и институции – 10 pt
• апстракт (250 зборови) – 12 pt, italic
• клучни зборови (od 3 do 8) – 12 pt, regular
• поднаслови - 11 pt, bold
• текст – 12 pt, regular
• литература – 10 pt, regular
Таблеите и графиконите да се вклопат во текстот. Самиот изглед и означување на сликите, табелите и графиконите да се прилагоди според Американската психијатриска асоцијација (APA). Референцирањето на литературата и наведување на референците на крајот од тесктот да биде според APA стилот.
Напомена: во тематскиот зборник на трудови еден автор може да има најмногу два труда, вклучувајќи ги тука и коавторските трудови.
Со нови информации, следната седмица.
Член на програмскиот одбор
No comments:
Post a Comment