Денес претседателот на МНЗА го потпиша договорот со градоначалникот на општина Гази Баба за финансирање на проектот: „Децата со аутизам во предучилишната установа ЈУДГ Детска Радост". На состанокот присуствуваа претставници на дваесетина здруженија кои се добитници на грантови за спроведување на своите програмски цели. Накусо беа претставени здруженијата и нивните цели и задачи. Претседателот на МНЗА изрази благодарност до комисијата и до градоначалникот господин Тони Трајковски за тоа што тие го препознаа значењето на овој проект. Во месец мај следува обука за аутизам на вработените во гореспоменатата градинка. Искрено се надеваме дека ваквата поддршка ќе продолжи и во иднина. Доколку сакате повеќе да прочитате за настанот и да видите фотографии повелете отворете го линкот.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment