Одамна не сум напишал личен пост. Ретко критикувам јавни и државни установи, иако имам за сите да кажам по нешто. Но, овој пат ја претераа во Македонски пошти.
Беше понеделник, 23 мај и со една постдипомка која живее во Делчево се слушнавме на ФБ. Требаше да ми предаде магистерски труд да го читам, за да и дадам забелешки. За да не троши време и повеќе пари и реков да го прати по брза пошта. Постдипломката го пратила преку Македонски пошти препорачано, наместо преку DHL, на пример. Но нејсе, си велам утре е празник во среда ќе ја имам пратката. Веројатно е доволно 48 часа препорачано од Македонија за да стигне од најдалечна точка до Скопје. Чекај, чекај што да чекаш, дури вчера дошол поштарот во работно време и нормално не ме нашол дома и ја оставил картичката во сандаче за да одам да ја подигнам таму. Одам денес деветтиот ден таму, во Пошта 2, ме дочека една намрштена госпоѓа која мрази се` околу себе, а помалку и себе. И` велам добре бре што пренесувате вие 9 дена полониум ли пренесувате па што сте толку бавни? Таа, само молчи и го повторува она познатото: „не е до мене, јас сум шалтерски работник". Фирмата е навистина дно со сите оние крадења на евра на конвоите на возилата, со бавниот транспорт, со условите во кои работат, со структурата на луѓето кои работат внатре.
За 9 дена јас мислам дека можеа да транспортираат 1000 тони ураниум, а не една магистерска теза.
Засрамете се чиновници!
Раскажувачот
No comments:
Post a Comment