Наредната седмица на ФЗФ ќе се одржи третиот проектен состанок во рамките на Еразмус плус проектот: Equity
and Social Inclusion through Positive Parenting кој учествува МНЗА заедно со колеги од Нортхемптон универзитетот, Таргет Аутизам, Аутизам концерн од Англија, ЕРФ и Центар за аутизам загреб од Хрвтаска, Универзитетот во Кипар и НВО за аутизам од Кипар, како и Аутизам Европа. Ќе бидат разгледувани сите досегашни активности, ќе се планира учеството на конгресот на Аутизам Еворпа во Единбург овој септември, како и наредните обуки за родители што треба да се одржат во октовмри годинава. Во петок во ПОУ Златан Сремац ќе се одржи работилница наменета за родителите, а ќе ги обработуваме следните теми:
- Истражување на проблемите поврзани со исхраната и оброците;
- Истражување на проблемите поврзани со спиењето;
- Пубертет и адолесценција кај аутизмот- како може да помогне визуелната поддршка.
Веќе се пријавија 22 родители на деца со аутизам и тука некаде ја заокружуваме бројката на
учесници. За жал проектините состаноци се од затворен тип и не можам никого да поканам,
затоа што учесниците се само од проектниот тим.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment