Онаму каде има демократија може да дојде до брза смена на декан и за помали гревови, отколку што има на нашите факултети во РМ. Имено, ННС на Филозофскиот факултет во Загреб изгласал со 46 гласови за, 34 против и 3 неважечки гласа да се започне смена на деканот Влатко Превишиќ. Главна причина било незадоволството на професорите и студентите заради постојаните настојувања на деканот на разни начини, против вољата на мнозинството да ги протурка договорите за соработка меѓу ФЗФ-ЗГ и Католичкиот богословски факултет (КБФ). Ваквиот потег на деканот многумина го протолкувале како клерикализација на факултетот. Бројни членови на ННС барале гласањето да биде спроведено тајно за да не може да се вршат притисоци врз нив. Смена на деканот се барала по 12 точки, а главно заради неговоите притисоци врзани за интеграција на ФЗФ-ЗГ и КБФ. Дури 16 отсеци се изјасниле против соработка, а само 3 за. Покрај ННС, против соработката биле и студентите. Според Статутот на ФЗФ-ЗГ, ННС има рок од два месеци да спроведе постапка за негово разрешување.
Извор: www.academlink.com/blog/view/31555/pao-dekan-filozofskog-vlatko-previi
No comments:
Post a Comment