Иако се` уште недоволно заздравен и на овие екстремни студенила ќе се обидам утре и задутре да ги завршам обврските кои требаше да бидат завршени последните денови од декември. Одиме по ред:
Утре на 9 јануари активностите ќе се одвиваат во лабораторијата на Педагошки факултет со почеток во 09:00 часот заради екстремно ниските температури еден час подоцна од вообичаеното. Студентите што ќе го полагаат колоквиумот се должни да дојдат 15-тина минути порано.
09:00-09:45 Колоквиум Хумана генетика (за студенти од Институт за дефектологија).
09:45 - Семинари Хумана генетика и Физиологија со функционална анатомија (за студенти од Институт за дефектологија).
Потоа - потписи прва група Хумана генетика
Потоа - потписи втора група Хумана генетика
За потписи потребно е задолжително носење на Практикум по Хумана генетика и индекс. Присуството ќе се регистрира со плусови и ќе се заведе во последната седмица од месец декември и затоа тие што имаат веќе направено по 2 минуси ќе мораат да дојдат лично да земат потписи. Студентите што имаат по 3 минуси и повеќе немаат право на потпис.
Времето на завршување на активностите не може да се предвиди.
Задутре на 10 јануари активностите ќе се одвиваат во слушална 11 на Институт за дефектологија на ФЗФ. Повторувам на Филозофски факултет!
09:00-09:45 Колоквиум Физиологија со функционална анатомија (за студенти од Институт за дефектологија) и Генетика и Физиологија (за студенти од другите институти).
09:45-10:30 - Потписи прва група Физиологија со функционална анатомија
10:30-11:15 - Потписи втора група Физиологија со функционална анатомија
За потписи потребно е задолжително носење на Практикум по Физиологија со функционална анатомија и индекс. Присуството ќе се регистрира со плусови и ќе се заведе во последната седмица од месец декември и затоа тие што имаат веќе направено по 2 минуси ќе мораат да дојдат лично да земат потписи. Студентите што имаат по 3 минуси и повеќе немаат право на потпис.
11:15- Семинари, други активности и потписи за студентите од другите институти.
Времето на завршување на активностите не може да се предвиди.
Ги замолувам сите студенти кои што НЕ доставиле презентации, веднаш да го сторат тоа на мојата службена е-пошта. Уште еднаш повторувам пред секоја активност студентите треба да бидат дојдени 15-тина минути порано.
Студентите преслушувачи од погорните години кои имаат добиено задача за да освојат 15 поени или имаат премногу минуси треба да дојдат во терминот 11:15 во вторник во слушална 11 на ФЗФ.
Студентите преслушувачи од погорните години кои имаат добиено задача за да освојат 15 поени или имаат премногу минуси треба да дојдат во терминот 11:15 во вторник во слушална 11 на ФЗФ.
Го задржувам правото на промена на термините во случај на влошување на здравствената состојба!
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment