Некои од вас веќе ми бараа официјална покана за да го оправдаат своето отсуство од работа тој ден. За да не морам секому посебно да ја праќам решив да ја постирам овде. Сите заинтересирани родители и професионалци кои се занимвааат со аутизам нека побрзаат со регистрацијата, бидејќи остнуваат уште многу малку места слободни. Без потврда од организаторот не можете да присуствувате на конференцијата.
Претседател на МНЗА
Покана за конференција
Помош и поддршка на родителите на
децата со аутистичен спектар на нарушувања
Драги родители и стручњаци,
Ве
покануваме на еднодневната конференција "Помош и
поддршка на родителите на децата со аутистичен спектар на нарушувања# која ќе се одржи во рамките на меѓународниот
проект: "Еднаквост и
социјална инклузија низ позитивно родителство# (Equity and
Social Inclusion through Positive Parenting - ESIPP). Целта на проектот е да ја развие и евалуира
едукација на родителите и семејставата на деца/лица со аутистичен спектар на
нарушувања.
Конференцијата ќе се одржи на 1 ноември 2017 година од 10:00 до 16:00 часот во
Музејот на македонската борба за самостојност
Домаќин
на конференцијата е Македонското научно здружение за аутизам од Скопје. На
конференцијата ќе имате можност да дознаете повеќе за самиот проект и за
едукацијата на родителите, како и да учествувате во работилниците: „Сензорна чувствителност – стратегии за
поддршка“ и „Предизвикувачко
однесување – разбирање
и практична стратегија“ која ќе ја одржат партнерите од организациите: Target Autism, Autism Assessment Support Practice
Center и колеги од МНЗА.
Деталната програма наскоро ќе биде достапна на веб
страницата на МНЗА: www.mssa.org.mk како и на
социјалните медиуми на здружението.
Ве молиме да го пополните пријавниот лист во прилог и да го испратите на president@mssa.org.mk или да се пријавите онлајн преку Гугл формуларот кој може да го најдете на
Фејсбук страницата Macedonian Scientific Society for Autism. Ќе бидете контактирани кога ќе се потврди вашето присуство. Бројот на
учесници е ограничен на 120, така што не мора да значи дека ќе добиете позитивен
одговор.
No comments:
Post a Comment