Monday, September 11, 2017

Регистрација за конференцијата: Помош и поддршка на родителите на деца со аутистичен спектар на нарушувања

Почитувани родители, колешки и колеги,

Како што претходно објавив на социјалните медиуми на 1 ноември во Музејот на македонската борба за самостојност и независност ќе се одржи конференцијата под наслов Помош и поддршка на родителите на деца со аутистичен спектар на нарушувања. Конференцијата е дел од #ESIPP проектот подржан од Еразмус плус програмата на ЕУ. На конференцијата ќе говорат странски експерти од Англија, Кипар, Белгија, Хрватска и се разбира наши домашни од Македонија. Пријавуањето започна пред  3 дена и речиси половина од предвидените 120 места се пополнети. Доколку сакате и вие да бидете дел од оваа конференција ве молиме тоа да го сторите со онлајн регистрација преку Гугл формулар на следниот линк  или преку пополнување на Word формулар кој можете да го симнете на следниот линк и да го испратите на е-поштата president@mssa.org.mk. Побрзајте со регистрацијата затоа што по полнувањето на местата нема да биде можна истата заради ограниченост во простор и ресурси. Предност во селекцијата имаат родители на деца со аутистичен спектар на нарушувања, членовите на МНЗА, како и професионалци и авторитети кои директно се занимаваат со проблематиката на аутизмот.
Ве очекуваме,
Претседател на МНЗА

No comments:

Post a Comment