Monday, September 4, 2017

Видеа од интервјуата по повод обуките од #ESIPP проектот во Охрид

Почитувани колешки и колеги,
Како што веќе бевте информирани од 2 до 3 септември, изминатиов викенд беше оддржана петтата обука во рамките на #ESIPP проектот која се одржа во зградата на општина Охрид. Во оваа прилика им благодариме на членовите на кабинетот на Градоначалникот за отстапениот простор и време. Беа поканети повеќе родители од кои беа пријавени 20, а првиот ден дојдоа само 7-8, а вториот ден 4-5 родители. За жал тоа е нашата реалност. Им нудиш бесплатна обука, а тие не сакаат да си го рушат комодитетот во текот на викендот. Но, ова нема да не обесхрабри. Ние одиме цврсто напред во третата година од проектот и ќе ги реализираме сите предвидени интервјуа со родителите и останатите предвидени активности. Ние како здружение им благодариме на медиумите кои беа прилично заинтересирани за настанот и тоа пред се телевизија М, телевизија О2 и порталот Ohrid.news. Сакам да ги споделам со пошироката јавност интервјуата кои ги дадовме за телевизиите јас, потпретседателката на МНЗА и раководителот на проектот од Универзитетот во Нортхемтон Велика Британија.



Претседател на МНЗА




No comments:

Post a Comment