Wednesday, July 18, 2018

Материјализирање на трудот

Почитувани дипломци, магистранти и докторанди,
Ви се обраќам на сите вам на кои сум ви бил ментор, сум ви ментор во моментот или ќе ви бидам ментор. Вие многу добро знаете дека постојано во нашите консултативни средби ве стимулирам, ви укажувам на значењето на објавување на научни трудови во странски списанија. Знаете дека тоа е добро за вашата кариера. Секое пишување на научен труд би требало да ви дава понатамошен потстрек, да се бодува при евентуално вработување. Секое објавување на научен труд во престижно списание треба да ви биде огромен мотив. Но за жал повеќето од вас не сакате да жртвувате дел од слободното време, да се откажете од овоземските задоволства, да потрошите повеќе часови на истражување, селектирање литература, сурфање на интернет и симнување трудови со кои би ги компарирале вашите резултати. Да, знам тешко е да се пишува научен труд. Но, чуму вашите магистерски и докторски дисертации ако само комисија од 3-5 члена ги прегледа и прочита. Ништо ако пошироката научна заедница не дознае за вашиот труд, тогаш залудни ви се титулите.
Но, еве сега како Саи Баба што материјализира и од духовното прави материјално, така и јас да ви дадам една материјална стимулација, па можеби ќе се одважите, ќе седнете и ќе напишете некој труд од вашите дела.
Можеби сте слушнале дека МОН дава средства за објавен труд во списание со фактор на влијание 30.000 денари од труд, УКИМ дава по 12.000 денари за труд објавен во списание со фактор на влијание, но и во базата Скопус, ФЗФ дава средства ми се чини до 20.000 денари за труд објавен во списание со фактор на влијание. Сега вие размислете дали овие пари не се доволни за да седнете и да се стимулирате самите себе нешто да напишете, секако со моја помош. Ако и ова не ве стимулулира тогаш тешко на нашата наука...
Менторот

No comments:

Post a Comment