Thursday, September 17, 2020

Интерен оглас

Почитувани студенти,

Се бара студент/ка (прв или втор циклус на студии) на испомош за испитите кои треба да ги спроведам во сабота на 26.09.2020 година.
Предуслови кои треба да ги исполнува: да е здрав, да ги има положено сите мои испити, да има волонтерска душа, да е ранобуден, да сака да жртвува едно саботно претпладне за виши цели (не се знае кога и како може да му се врати доброто дело).
Работни задачи: да измери температура на студентите со „пиштол“ пред влезот во амфитеатарот, да ги смести студентите на означените места, да им ги собере пријавите и да потполни наслов на предметот и датум на полагање на испитот. Бидејќи се три термини тој/таа би имале активности од 7:45 до 8:30 од 9:45 до 10:30 и од 11:45 до 12:30.
Јас сум свесен дека овој оглас е „невозможна мисија“, но си велам ајде да си ја пробам среќата и да видам дали има уште јунаци студенти. :)
Доколку има заинтересирани студенти/постдипломци нека ми пишат на мојата службена е-пошта. Доколку се јават повеќе заинтересирани предност ќе имаат првите. Теоретски можно е да се вклучат и двајца студенти/студентки и така работата побрзо би се завршила.
Поради неверојатноста на постот немојте да мислите дека ова е социјален експеримент, туку ова сфатете го само како молба за помош и мое тестирање за вашите волонтерски капацитети.
Ви благодарам на вниманието!
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.