Wednesday, September 16, 2020

НЕДЕЛА НА ЗАЕДНИЧКО РЕЦЕНЗИРАЊЕ - 2020

Почитувани магистранди, докторанди, уредници, библиотекари,

Оваа година Неделата на заедничко рецензирање ќе се одржи преку трибина насловена како: Рецензирање во македонските научни списанија кои се цитираат во Scopus во организација на Научната фондација СПИРОСКИ и Филозофскиот факултет од Скопје.

Неделата на заедничко рецензирање е годишен глобален настан кој ја прославува основната улога на заедничкото рецензирање која ја има во одржување научен квалитет. Настанот ги обединува поединиците, институциите и организациите посветени на размена на централната порака која е критична во академското комуницирање за добро заедничко рецензирање, во било кој облик и форма да е.

Предавањата ќе се држат според протокол за заштита од КОВИД-19. Место на одржување е Филозофски факултет, Скопје, Амфитеатар 3, на 21 септември, 2020 година од 10:00 до 13:00 часот. Котизацијата е спонзорирана од Научна фондација СПИРОСКИ. Доколку сте заинтересирани ве молам да се пријавите на: mspiroski@id-press.eu.

ПРОГРАМА

21 септември, 2020 година

10:00-10:30 Регистрација

10:30-10:45 Отворање

10:45-11:10 Ставовите на уредниците и членовите на уредувачките одбори на научните списанија од Македонија за отвореното рецензирање. Проф. д-р Владимир Трајковски, Филозофски факултет, УКИМ, Скопје, Република Македонија

11:10-11:15 Дискусија

11:15-11:40 Рецензирање во Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences со платформата на Open Journal Systems (OJS). Проф. д-р Сашо Столески, Институт за медицина на трудот, Медицински факултет, УКИМ, Скопје, Република Македонија

11:40-11:45 Дискусија

11:45-12:10 Уредување и издавање на Journal of Hygienic Engineering and Design и уредување на книги во издание на Elsevier. Проф. д-р Владимир Какуринов, Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, Скопје, Република Македонија

12:10-12:15 Дискусија

12:15-12:40 Македонски ветеринарен преглед – двојно слепа рецензија преку Manuscript Manager софтверски систем. Проф. д-р Флорина Поповска-Перчиниќ, Проф. д-р Лазо Пендовски, Факултет за ветеринарна медицина – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија

12:40-12:45 Дискусија

12:45-13:10 Publons: Објавени трудови, метрика за цитирање, заедничко рецензирање и работа во уредувањето списанија на едно место. Проф. д-р Мирко Спироски, Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје, Република Македонија

13:10-13-15 Дискусија



ЈРТДД главен и одговорен утредник

No comments:

Post a Comment